Со оној кој ти треба, судбината ќе те спои

Во животот постојат моменти кога не треба многу да кажеш, кога си со ‘твоите’ луѓе, кои те прифаќаат токму таков каков што си. Нив не треба да им објаснуваш, да им зборуваш што работиш, зошто нешто мораш токму така да направиш, кого сретна, што ти кажаа луѓето итн.

Нив не мораш да им зборуваш што планираш во иднина, каде имаш намера да одиш и други работи. Тие луѓе ја прифаќаат секоја твоја одлука, каква и да е. Ако им објаснуваш, само ќе речат: ‘Верувам во тебе и знам дека работиш најдобро’.

Времето, со луѓето кои те прифаќаат таков каков што си не се опишува, бидејќи не мораш на лицето да ставаш некоја маска, не мораш да се преправаш дека си нешто што не си, туки зборовите ги бираш спонтано, па и кога ќе згрешиш, тие не те осудуваат.

Тоа се ‘твои’ луѓе, полни со чувства и едноставност, топлина и нежност, луѓето со кои можеш со часови да седиш во тишина и пријатно да се чувствувате. А, многу се малку луѓе во животот, со кои таа тишина може да биде пријатна. Биди со такви луѓе што почесто!

Не се тие слаби, ниту неуки луѓе, бидејќи луѓето кои имаат душа не можат да бидат слаби, тоа се луѓе кои го заслужуваат твоето полно почитување, бидејќи само ти даваат, а ти тоа го чувствуваш.

Затоа научи да ги почитуваш тие луѓе, да ги чуваш како капка вода на дланка. Немој да се задоволуваш само со оние, кои можат да ти приредат некое воодушевување и авантура, а потоа да си заминат без збор.

Тоа се луѓе, во чија приказна случајно си влегол, тоа се луѓе кои никогаш не се грижеле за тебе, тоа се луѓе чие его е толку јако што не можеш да ја видиш нивната душа. Барај ја близината на оние луѓе, чија душа е толку видлива што секој момент со нив е незаборавен и вистински благослов.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: