Зошто имате чувство -‘Мене никој не ме сака, никој не ме забележува’

Ако се чувствувате сакано, тоа е најверојатно затоа што давате љубов. Ако не чувствувате почитување, тоа е затоа што не давате почитување.

Природата на човекот е да враќа она што ќе го добиe. Ако не покажувате грижа, внимание и блгагодарност кон другите, луѓето најверојатно ќе ве игнорираат. Тоа е човечката природа.

Секој може да рече:” Мене никој не ме сака, никој не ме забележува.” Но , ретки се примерите некој кој дава љубов на другите, поддршка, грижа и внимание, да не добива исто за возврат.

Начинот на кој се однесувате, ќе извлече одредени однесувања од луѓето. Ако ги навредувате, ќе извлечете лутење. Ако ги фалите, ќе извлечете гордост. Ако сте грижливи, ќе извлечете наклоност од нивното срце.

RADHANATH SWAMI

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: