Се чувствувате изгубено, отуѓено, без страст и смисла?

Ако имате симптоми на физичка и емоционална болка без објаснување, знајте дека не сте сами. Се чувствувате изгубено, отуѓено, без страст и смисла? На патот сте на самооткривање. Јавате на брановите на новите енергии.

Она што чувствувате во овој момент е транзиција- само еден чекор од многуте, на ова големо патување во воздигнувањето на планетата која напредува секоја секунда. Многу од тоа што гледате во својот свет и во своите искуства е илузија и не се совпаѓа, со она што срцето знае дека е вистина.

Време е да почнете да го слушате срцето, бидејќи ја знае вистината и прифатете, дека сега сте во забрзана состојба на проширување. Овие промени ги туркаат луѓето надвор од својата зона на удобност и тоа се манифестира, на многу интересни начини во човечкото тело и надвор од него.

Електронските уреди можат да се однесуваат необично. Можете да искусите необични и нејасни застои, но, не се проблем уредите, туку вашата енергија, која не се заземјува таму каде што треба. Ова се знаци за она што се случува околу вас.

Во човечкото тело се појавуваат нејасни симптоми, болки и болести кои почнуваат да излегуваат на површина. Необични шаблони на спиење, изменет биоритам, промени во крвниот притисок, интезивна болка во зглобовите, главоболка, промени на шеќерот во крвта и други многу потешки болести, почнуваат се’ почесто да се појавуваат. Иако овие симптоми изгледаат како да не престануваат, тие не се постојани.

Станичната структура моментално се реконструира во човечкото тело, во процес е на прочистување и отпуштање на претежно стари фекфенции. За да се разјаснат овие енергии, имунолошкиот систем во телото е ослабен. Така, телото изгледа како да е во состојба на болест, а всушност е во состојба на прочистување. Ова е единствениот начин на кој ќе можеме да се приготвиме за новите енергии кои ни доаѓаат. Ако телото не успее да направи искачување, ќе престане да функционира.

Секој симптом кој ви доаѓа можете да го освестите. Не паѓајте во негативни состојби кои ви ги презентираат вашите мисли, кои се и големи причинители за овие симптоми, не размислувајте дека мора да ги ‘исправите’ проблемите. Фокусирајте се на вербата дека се’ се одвива во природен тек.

Забележете ги изјавите кои ви доаѓаат во вашата глава, како ‘болен сум’, ‘лошо ми е’ и променете го фокусот во ‘се исцелувам’, ‘се поправам’, ‘се чистам’. Не сте скршени, затоа не треба ништо да се поправа. Прифатете го тоа што веќе се случува и движете се напред во пресрет на промените кои ве водат во ново ‘јас’.

Причината, зошто луѓето се чувствуваат одвоени, осамени и без чувство на смисла е затоа што сеуште се држат за старите програми. ‘Не е сигурно’, ‘се плашам за својата иднина’, ‘се плашам за иднината на моето семејство’, ‘луѓето не ме разбираат’, ‘светот е проклет’- овие и сите други автодеструктивни мисли, на кои му даваме енергија, се базирани на страв, не на реалност. Со пракса и повторување, овие шаблони можат да се скинат на подсвесно ниво и тогаш може свесно да се создаде друга реалност.

Освестувањето на подсвесното и свесното насочување на вниманието и енергијата е она, кон кое човештвото прави транзиција. Медиумите и силите на измама, кои го контролираат општеството, знаат до некаде што се случува, па се обидуваат со масовната манипулација на умот, што не им успева кај сите. Ова создава уште поголема поделба помеѓу оние кои ја шират својата свест и оние кои одлучиле дека нема тоа да го направат, бидејќи секој останува верен на својот пат и секој ќе биде таму каде што треба да биде.

Многу битки и борби се застанати со промената во нашата енергија, благодарејќи на нашето внимание, која е повеќе насочена кон срцето. Ниските вибрации се’ повеќе се отпуштаат. Машката енергија повеќе не го зазема тронот на Земјата, како што беше некогаш. Се потешко е, се’ да се создаде од машката енергија, како што досега во општеството се правело.

Женската енергија е заземјена насекаде. Сега ја опкружува планетата и дозволува човештвото да негува или игнорира искуства на сите нивоа. Најуспешните креатори кои одат понатаму, ќе бидат оние, кои ќе се посветат на смирување, отворање и примање на информации на начин, на кој е дозволено да поминат низ женскиот филтер.

Оние кои и понатаму имаат мисли, дека мора да ја контролираат глобалната политика, продолжуваат со манипулативни однесувања и сфаќаат некои од овие процеси на различни нивоа.

Да се поврземе со детето во себе во ова време. Набљудувајте ги децата како се однесуваат, видете како нивната енергија се изразува спонтано, невино, искрено. Во нив се крие одговор како да се пристапи кон животот, а многу луѓе тоа го заборавиле. Ценете го и доживејте го она што се случува во вашиот живот сега, во овој момент.

На Земјата се случува возбудлив дел од историјата на човекот и другите врсти. Дел сме од сложувалката, подготвени на промена и ги инспирираме и другите да го направат тоа исто. Сите мисли и емоции кои водат кон деструкција, страв, лутина, осаменост се едноставно илузии, кои треба да бидат искушение и да се отпуштат, за да се види вистината. Дел сме од големата слика, која се создава со секој ден и се’ оди во најдобар ред, дури и ако ни се чини дека не е така.

Michael Forrester

Извор: novasvest.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: