Зад своите маски луѓето имаат свои драми и не ги осудувај секогаш

Зад своите маски луѓето имаат свои драми и не ги осудувај секогаш. Полесно ќе ти биде и тебе и ќе живееш со памалку горчина. Мислиш дека секоја маска, секогаш има намера да те насамари и излаже?

Ако некој посакува да те излаже, пред се’, се лаже самиот себе. Маските најчесто доаѓаат од очај, кога човекот повеќе не гледа потреба, кога човекот повеќе не го гледа патот кон напред, со начинот на живот кој го живее, кога повеќе не ја гледа смислата во работите кои до сега ги правел, кога не може да најде подршка во луѓето, во кои досега ја барал.

И што тогаш му преостанува? Да стави маска на лицето и да се обиде да биде некој друг човек. Не ги осудувај луѓето со маски. Набљудувај ги и гледај, кој до каде ќе оди. Покажи им, дека знаеш каква улога играат, иако ништо нема да им кажеш, но ќе зборува твојот поглед и молчењето, повеќе од било кој друг збор.

Набљудувај какви се намерите на луѓето кои ги ставиле тие маски на лицето, колку ‘пресметки’ има во нив, а колку е потреба за преживување. Никогаш не знаеш, кога ќе дојде ситуацијата да направиш исто што и тие.

Може да ни се чини дека се’ околу нас е полно со глума и глумци, но, да се прашаме дали ние сме можеби дел од одговорот на глумата на нашите блиски, поради кои, пред нас треба да ги играат тие улоги, дали сме им дале до знаење, дека можат да бидат она што навистина се.

Никогаш нема да престане глумата во нашите меѓучовечки односи, но можеме да ја намалиме, можеме да го намалиме времето кога сме под маски и да допуштиме на своето вистинско лице, да дише со оној живот каков навистина сака да живее.

Сите луѓе ќе престанат така да живеат, но, прво чекаат тоа да го направат луѓето покрај нив.

Треба да се превземе ризик и да се скокне во ладна вода, да се зачекори во непознатото и тогаш кога можеби тоа никој друг не може, затоа што, ја тргате маската од своето лице, а тоа што другите сеуште ја држат, тоа е нивни проблем.

Вие тогаш можете да почнете да живеете нов живот, поинаков живот, да бидете по искрени кон себе, а другите и понатаму нека глумат. Порано, ќе се уморат од се’.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading