Не го осудувај мојот избор, ако не ја знаеш причината

Највредните работи во животот доаѓаат кога ќе престанеме да се оптеретуваме со неважното. Лесно е тоа да се каже но, како да се живее? Чувствуваме дека тоа е тешко, кога ќе сфатиме дека сме врзани со сто ланци, за она што навистина во нашиот живот нема никаква улога.

Колку може да ја промени нашата иднина, тоа што некој нешто мисли или зборува за нас? Дали нашата иднина зависи од сликата која ја имаме во туѓите очи или можеби за она што сами ќе направиме, превземеме, рескираме, направиме исчекор во непознато? Колку треба да поседуваме за да бидеме среќни? Колку луѓе треба да не’ подржуваат и аплаудираат, за да имаме потврда дека вредиме?

Можат и сите на светот, но ако во нас нема чувство на самодовреба и вредност нема ништо да добиеме. Можеме да имаме се’ на светот, но ако внатрешната желба не знаеме да ја носиме напред, ќе се гушиме во работи кои ќе ни го земат животниот простор и ќе не’ остават празни.

А потребно е малку, само да се направи листа на приоритети и на се’ друго што не спаѓа и едноставно да кажете – Одбивам да му робувам на работите кои ги наметнаа другите. Одбивам да влегувам во луд натпревар, кој е на подобра позиција и кој има повеќе, бидејќи никој не знае дали ќе го доживее утрешниот ден.

Сакам само да научам да уживам во мали работи кои го веселат моето срце, разговор со пријателите, прошетка или кафе со друга личност, читање на омилена книга во осаменост, насмевката на детето или самиот факт, што утрово сме се разбудиле здрави.

Секој ден од својот живот, себеси треба одново да се потсетуваш на оние работи кои навистина можат да донесат внатрешен мир и исполнетост и да вежбаш простување, бидејќи тоа е важно за продолжувањето на соживот.

Малку да се истанчи егото, а да се здебели трпението, сочувството, истрајноста, доследноста и силата на волјата. Помалку да се гледа она што било, а многу повеќе да се верува во нешто што посакуваме да биде и во тоа да се дадат сите свои сили.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: