Колку пати досега си рекол ‘Доста ми е од се’, без нешто да превземеш? Колку пати до сега си рекол ‘Не можам повеќе вака да живеам’ и потоа продолжуваш да живееш како ништо да не се случило?
Почувствува колку ти е тешко и болно, ја сфати апсурдноста на многу ситуации, го допре дното во егизтенционален поглед и ги остави работите такви какви што се!
Колку навистина треба, за да се случи промена? Немој да кажеш ‘доста ми е од се’ а да не започне твоја нова животна приказна. Никој нема да се бори за тебе, ако не застанеш во првиот ред.
Чувството на слобода не е само малку да те заигра, тоа е тука да размислиш колку вредиш, што заслужуваш и што ќе направиш со својот живот. Немој да кажеш ‘доста ми е од се’ а да не си донел одлука, директно да му погледнеш на стравот во очи и да се спротиставиш на се’ што до тогаш те држело во некоја заробеност.
Кога ќе кажеш ‘доста ми е од се’ сфати дека тоа е најдобриот момент да размислиш за работите со кои го оптерети својот живот, односите во кои си ја загушил својата душа, со настани во кои беспотребно си влегол и дека сите оние безначајни работи, треба да ги шутнеш некаде далеку од твојот живот. Тоа е најдобриот момент да ја повратиш својата сила, која си ја изгубил и да се тргнеш од сите врати, кои ти се плеснати пред носот и да одиш некаде на друго место.
Колку пати до сега во животот си рекол, доста ми е од се’ а не си го отфрлил бесот, тагата, сомнежот, разочарувањето, повреденоста. Нели е тоа најдобра прилика да тргнеш од почеток и да заборавиш се’ досега што си правел.
Стави го срцето во служба на своите соништа и одвои се од својата стара драма. Животот може да биде убав, ако научиш уште на почеток да излезеш од менталитетот на жртва, штом во него ќе паднеш. Не е лесно, но со првиот направен чекор се’ ќе биде полесно.
Leave a Reply