Кој ти мисли добро, тој тоа и го покажува

Не ве заслужуваат оние кои ве прават да се чувствувате невидливо и безначајно, со нивната рамнодушност. Вие заслужувате некој кој со своето внимание прави да се чувствувате важни. Љубовта мора да се искаже, но никогаш за неа не треба да се моли.

Кога мора тоа да го правите, тоа е најголем израз на емотивна неправда, нерамнотежа која го карактеризира расположението во врската. Заслужувате некој кој зборува малку, прави многу. Не заслужувате некој кој ве бара кога нему му е потребно, туку човек кој е на ваша страна, дури и кога имате потреба, а не само кога е во прашање интерес.

Заслужувате некој кој, без било какви очекувања, ве пушта во себе, ве чувствува и ве прави да се чувствувате важни во неговиот живот. На крајот, личноста која ја заслужувате е онаа, ја почитува вашата слобода на избор, се приближува кон вас, ве почитува и ви посветува време и мисли.

Велат дека не постои недостаток на време, туку волја, бидејќи кога човек навистина нешто посакува, зората се претвора во ден, вторник во сабота и еден момент се претвора во можност. Исто така се вели, дека оние кои очекуваат премногу, се разочарани и страдаат. Разбирливо е, дека мора да се ревидираат нашите очекувања и да се стави во главата најважното- ‘не очекувајте ништо од никој, само од себе’.

Бидејќи надежите и очекувањата често (не секогаш) се основа за емоционално фијаско и поради тоа доаѓа до недостаток на интересирање за ставовите на другите. Тогаш набљудуваме што другите прават или ќе измамат, па затоа чувствуваме многу болка. Емоционалната болка делува на мозокот на ист начин како и физичката болка.

Во таа смисла мора да направите важна разлика, всушност, мора да му ја дадете на психолошкиот стрес важноста која ја има. Не треба да се игнорира дури ни јаката болка во стомакот или неподносливата главоболка. Зошто тогаш да се игнорира емоционалната болка?

Не можеме да дозволиме времето да ја излечи болката, мора да правиме и да ги научиме лекциите кои ни помагаат, на ист начин на кој ќе престанеме да јадеме чоколадо, ако откриеме дека тоа е причината за нашата болка во стомакот. Тоа е многу важно, бидејќи во општеството постои погрешно уверување, дека психолошкото вознемирување преставува знак на слабост и дека времето ќе ги излечи раните без потреба од ‘дезинфекција’ или завои и фластери, за да се спречи крварењето.

Посветете им време на луѓето кои тоа го заслужуваат, кои прават да се чувствувате добро. Не молете за внимание, пријателство или љубов од никој. Кој ти мисли добро, тој тоа и го покажува. Поради тоа, ако ја проживувате ситуацијата на емоционална неправда, така алармантно, запомнете го ова: Не ги барајте оние кои не ви одговараат на вашите телефонски повици. Не ги барајте оние кои не го чувствуваат повеќе вашето отсуство. Не пишете и не се потчинувајте со рамнодушноста која ви ја покажале со игнорирање на пораки или неоснована тишина.

Не ги чекајте оние кои не ве чекаат, почитувајте се и престанете да молите за љубов. Љубовта мора да биде покажана и чувствителна, но никогаш изнудена. Твојата љубов треба да биде резервирана за оние кои ти посакуваат добро и те разбираат без осудување.

И не ја заборавајте вредноста на вашата насмевка во огледало, сакајте се себе и почитувајте се поради она што сте, а не поради она што некој кој не ве заслужува мисли за вас. Прво посакајте си добро себеси и ако некој игнорира, тоа не значи дека не треба да направите се’ што е можно да се опкружите со луѓето кои сакаат да бидат во вашиот живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: