Лута си на себе поради погрешните избори, губењето време и енергија?

Некогаш е многу полесно од нешто да се откажеш, отколку да го спроведеш до крај. Лесно е да се биде жртва кога нешто не оди, да се биде несреќен и несфатен. Некогаш е потребно да се признае, дека згреши и направи погрешен избор- да ги стегнеш забите, засекогаш да пресечеш и повторно да бидеш среќен.

Ова се зборови, кои си ги напишав себеси пред три години, кога ја направив најдобрата животна одлука до тогаш. Решив да ја напуштам работата која не ме исполнуваше и да си одам од градот, кој ме гушеше. Секако, речиси сите тогаш мислеа дела скроз полудев, дека сум неблагодарна и дека треба да почекам некое подобро време и посигурна прилика, ако веќе посакувам промена.

Меѓутоа, мене ми беше доста од чекање. Што повеќе ја одлагав одлуката за промена, во мене продолжуваше агонијата во која не само што губев јасната слика за тоа што сакам и во кој правец сакам да одам, туку сликата за мене и тоа, како јас се гледам себеси се рушеше. За стравот кој го чувствував и анксиозноста, која со секој ден стануваше се’ посилна нема ни да зборувам. Едноставно, се’ беше толку тешко.

Бев лута на себе поради погрешните избори, губењето време и енергија и тогаш во еден момент, во зафрлениот дел од главата се појави мала искра, која ми укажа на тоа, дека себе и своите можности не смеам повеќе да ги потценувам. Се уморив од смислување на изговори за тоа, зошто нешто не може и решив да го превземам кормилото над сопствениот живот и одлуките кои ги носам.

Станав едно априлско утро и реков Доста. До есен нема повеќе да бидам во ова и вака повеќе нема да изгледа мојот живот. Секако, полесно е да се каже отколку да се направи. Секогаш е најтешко, но најважно е некако да се почне. Тогаш е важно да се сфати, дека сите одговори се наоѓаат во нас и дека треба во право време, да ја отвориме вистинската фиока и да почнеме да ги вадиме од неа.

Познавам многу луѓе кои сакаат да се убедуваат. Сакаат да ги убедуваат другите во своите уверувања и гледање на работите, за тоа како и што во животот треба, а што не. Како времето поминува, се’ повеќе верувам, дека тоа го прават за да се убедат себеси.

За тоа што треба да правиме во животот и на кој начин, одлучуваме исклучиво ние самите. И ако се случи да согледаме дека направивме погрешен потез, не треба очајно да се мачиме да го исправиме, па макар и да значи потполно да се откажеме и да ставиме точка на некои приказни, но и на луѓе.

Многу луѓе остануваат на работа, која ги исцрпува и не ги прави среќни, за да ги отплатат кредитите или да ги образуваат децата. Другите остануваат во лоши врски, поради страв од неуспех и осаменост, но и браковите живеат, поради доброто на децата или едноставно затоа што им е страв, што ќе кажат другите. Остануваат во градови и држави без пријатели и семејство, во училишта и факултети од кои се разочарани, кои ги убиваат во поим.

Во ситуации создадени од страв во кои толку веруваат, во потполност предавајќи ја моќта над нивниот живот. Мојата пријателка еднаш рече нешто, што многу ми се допадна, а тоа е дека стравот не е реална работа, туку само наша реакција на тоа што моментално се случува во нашиот живот. Тоа е нешто што не’ кочи и од што мора да се отргнеме.

Не е страшно да се откажеме и навистина мислам, дека некогаш е потребно многу време и храброст да го направиме тоа, отколку да се биде упорен и истраен во нешто каде не гледаме повеќе ниту смисла, ниту поента.

Па што ако почнеш нешто и во еден момент сфатиш, дека тоа не е за тебе и дека не сакаш да продолжиш понатаму? Само помисли на тоа, дека можеби токму така пропушташ некоја друга голема прилика во животот и својата шанса за среќа. Ако чувствуваш дека така треба: собери сила, направи исчекор напред, едноставно откажи се и не размислувај за тоа премногу. Кога ќе помине време и ќе се смири се, ќе се свртиш, ќе издишеш и ќе си заблагодариш себеси на тој пат. А јас однапред ти честитам на големата лична победа.

Извор: Plezir

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: