Треба да знаеш да свртиш страница, да завршиш одредени поглавја

Ден како и секој друг, ја чекав мојата драга пријателката да ми се јави со извештај, како помина кај докторот…секогаш се грижам. Таква сум. Додуша, сите сме такви. Се грижиме и тогаш кога не треба.

Мојата пријателка беше на психијатар, по моето убедувањето, всушност по мојот суптилен притисок. Уверена бев, дека и’ треба таква помош, објективно раме за плачење.

По прегледот ми се јави и рече: ‘Ништо не добив. Ми рече дека сум нормална’! Од мојата страна тишина и молк. И таа молчеше. Потоа, нервозно изјави: ‘Јас нормална? Ова е најлошата дијагноза која можев да ја добијам!’

Иако горко вистинито и смешно, ја разбрав во потполност. Денес да се биде ‘нормален’ е толку ретко што во најмала рака стана- чудно. За жал, навикнавме и уште не’ навикнуваат и понатаму да бидеме се’ само не ‘нормални’. Копаат по нас, повеќе отколку во некои јами и рудници и на секој наш отпор, даваат стручно име.

Речиси сите сме психички болни или постојано не’ боли желудецот. Немој ова, немој она, оди ваму, онаму.. Слепо пратиш се’ што ќе кажат, за ништо лошо да не ти се случи и подготвен си на се’, освен на ‘нормален си’.

И ние сами си создаваме притисок дека мора да имаме нешто, некоја дијагноза, проблем, драма во животот, бидејќи само така ќе се вклопиме во речиси секој разговор или друштво. Не постојат заедници и разговори во кои се’ е мирно и нормално.

Мојата избезумена и нормална пријателка ме натера на вакво размислување, поточно нејзината реакција кога несвесно својата нормалност ја нарече дијагноза. Ме праша како со тоа да се избори? За тоа не постои лек. И готово никој и ништо за тоа не знае, а за се’ што не чини што е во категоријата ‘нормално’ знаеме сите скоро се’.

Што ќе правиш со нормално??? Тажна е, не се чувствува добро, а тогаш некој ќе и рече дека се’ е во ред и дека нема лек за таа состојба во која се наоѓа.

Кој е виновен за оваа состојба? Мојата пријателка или сите ние ненормалните што ‘се подразбираме’. Луѓето кои се само тажни и ништо не им оди од рака, помислуваат дека состојбата во која се наоѓаат мора да има некоја дијагноза, дека постои лек и некое експресно решение за нивното расположение, дека тоа нивното едноставно не е нормално.

Денес е тешко да бидеш било каков. И нормален и ненормален- ‘се подразбира’, поради притисокот кој постојано сами си го набиваме. Се бориме со своите стравови, за кои дури не сме сигурни дека се наши или само сме навикнале на нив, слушаме дијагнози за кои можеме 100% да кажеме дека се точни, бидејќи што е денес нормално и што не е дијагноза.

Се додека дишеме, сите имаме една дијагноза, се вика Живот. И знам дека се повторувам, но, од нас зависи дали од таа дијагноза ќе направиме најдобра можна приказна. По можност без брзи решенија, драми.

извор: Lola

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading