Бог сѐ простува и на никој не му суди

Истовремено живееме во две димензии. Едната е нефизичка, нематеријална, духовна и се наоѓа во нас, а другата е физичка, надворешна. Првата ја чувствуваме, другата ја гледаме.

Тие кои се фокусирани само на она што гледаат, на надворешниот свет, тргаат низ животот со врзани очи. И така во темница чекаат Бог да направи добро за нив. Тие кои одлучиле да се видат одвнатре, се сретнале со Бог. Сфатиле дека цело време им бил пред очите. И нема потреба да им се покаже во физички облик.

Бог во сѐ постои. Оние кои копаат во себе, сфатиле дека се едно со Бог и со сѐ што постои. Бог не им е потребен само кога ќе затреба, затоа секогаш и го имаат. И секогаш им помага. И во арно и во лошо.

Бог сѐ простува и на никој не му суди. Оној кој безусловно сака и дава слобода. Тие што упорно ја вртат главата од средбата со себе, ја пропуштаат приликата да се сретнат со Бог. Од таа повторна средба, ништо не е поважно во животот. Таа средба менува сѐ. Мислите, зборовите, делата, физичките манифестации. Го менува животот.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: