Кога душата плаче и кога ве гуши сопствениот живот?

‘Ако можете да му помогнете на човек да го излечи својот ум и верувањатa, можете да му помогнете и да го излечи своето тело.’ – др. Брус Липтон

Др. Брус Липтон е познат американски молекуларен биолог и истражувaч, пионир на епогенетика, кој поголем дел од животот го посветил на проучување на матичните клетки. Токму благодарение на нив, ја открил тајната на здравјето и животот.

Науката и медицината тврдат дека секој од нас, е исклучуво одраз на сопствената ДНК, односно генот. Од таму произлегува дека сме потполно немоќни било што да менуваме, но тоа е далеку од вистината, вели Липтон.

Во своите истражувања забележал нешто многу интересно. На човечките клетки силно влијае опкружувањето, како и нашите мисли и уверувања.

Во едно од своите бројни истражувања, го набљудувал однесувањето на идентични матични клетки, во три различни хемиски опкружувања. Во секоја група на матични клетки, иако генетски идентични, се развиле во нешто друго- зависно од опкружувањето. Па така во едно опкружување матичните клетки, се претвориле во клетки на коски, во друго масни клетки, а во трето мускулини.

Заклучил дека гените не одлучуваат, како клетката ќе се развива и дали сака да биде болна или здрава. Важно е опкружувањето. Вашите клетки реагираат на вашето доживување на светот. Нашиот организам го сочинуваат, голем колектив од 30 трилиони клетки кои работат во хармонија. И на однесувањето на секоја клетка, влијае нашиот ум и перцепција, односно доживувањето на светот, вели др.Липтон.

На пример, ако светот го доживувате како пријателско место, вашите клетки ќе примаат такви сигнали, кои ќе ве упатуваат на отворање, раст и развој. Но, ако истиот тој свет го набљудувате како непријателско место, во кое постојано од нешто мора да се браните и да се чувате, вашите клетки ќе примаат сигнали на затворање, и наместо да ги обавуваат своите вообичаени функции, тие ќе ја превземаат новата улога- да се бранат од стрес и непријатели.

Исто така, др. Липтон вели дека секоја клетка ги има сите органи како човечкото тело, па така на пр, нивните мембрани имаат улога на мозок. Преку тие мембрани, клетките примаат сигнали однадвор и во согласност на сопствената интелигенција и мудрост, се вклучуваат или исклучуваат одредени гени, што потоа влијае на нашето целокупно здравје.

Стресот се ‘храни’ со вашата енергија

Многумина денес живеат под стрес. Тој влијае на лачењето на хормонот кортизол, кој ги стега вашите крвни садови. Тогаш енергијата од стомакот, кој е центар на вашата виталност, имунитет и здравје, се пренасочува во нозете кои добиваат потполен приоритет во ситуацијата ‘бори се или бегај’. Бидејќи клетката под стрес, троши многу енергија за одбрана, повеќе нема енергија за работа на системот за варење, имуниот систем и др. Поради тоа, со време организмот ќе ослаби и создава погодно тло, за разни пореметувања и болести. Енергијата која е потребна за вашето здравје, ќе ја сочувате ако го елиминирате стресот.

Во тоа ќе ви помогне и сознанието дека сте бесмртни. Вие не сте физичко тело, туку дух кој го оживува тоа тело, вели др. Липтон. Замислете го своето тело како ТВ приемник, а тоа што го придвижува е сигнал кој ТВ приемникот го прима – однадвор.

Еднаш кога вашиот ТВ приемник ќе се расипе, тој сигнал и понатаму некаде постои, но емисиите сега ќе се прикажуваат на некој нов ТВ приемник. Кога вистински ќе сфатите дека сте бесмртни, стресот ќе се истопи и ќе се изгуби чувството на страв, бидејќи ќе знаете дека всушност нема од што да се плашите.

Моќта на позитивните и негативните уверувања.

Вашите мисли силно влијаат на вашите клеточни станици. Колку што се моќни вашите позитивни мисли, еднакво се силни и оние негативните, а нивниот учинок се вика nocebo. На пример, ако некој ве уверува дека сте болни и дека од таа болест, многу брзо ќе умрете и вие во тоа ќе поверувате, тоа навистина може да ви се случи.

Повеќе се забележани случаеви на луѓе кои умреле, уверени од лекарите и семејството дека се тешко болни, отколку вистинската состојба, што најчесто аутопсијата покажала дека воопшто не биле смртно болни.

Исто така, психолозите велат, дека повеќе од 70 % од нашите мисли се негативни (и во главно непотребно), па затоа и не е никакво чудо што на нас се ‘лепат’ болести. Затоа, добро бирајте ги мислите, со кои ќе го храните вашето внимание и мудро селектирајте во што ќе поверувате.

Свесниот или несвесниот ум- кој го има главниот збор?

Умот е главната причина за болест, денес на нашата планета. Според др. Липтон, нашето физичко тело, е одраз на невидливо енергетско поле, енергетско поле на нашиот ум. Со промена на сопствената перцепција на светот, влијаеме и на сите телесни функции и станици, што резултира со добро здравје и виталност.

Но, треба да се знае и тоа, дека нашиот ум се состои од два дела: потсвесниот и свесниот ум. Дури 95% од времето функционираме од својот подсвесен ум, кој се состои од навика и научено однесување, а само 5% од времето делуваме со свесниот, креативен ум.

Секој од нас е програмиран веќе до 6-тата година од својот живот. До тогаш нашиот мозок е како на трака, го снима опкружувањето и како сунѓери, го упивме однесувањето на родителите и околината, нивните ставови, лоши и добри обрасци, стравови, предрасуди и сл. Ние сме програмирани да веруваме, како немаме моќ на одлучување, а тоа е се’ затоа што ‘неколкумина’ во светот сакаат со нас да владеат.

Иако секој човек располага со еднаква моќ и сила, токму тој програм, доведува еден човек да стане просјак на улица, а друг Бил Гејтс.

‘Ако работите на остварувањето на некој свој замислен план и забележувате дека мора да вложите голем труд и при тоа запнува, тоа е затоа што вашиот посвесен ум саботира, вели др.Липтон. За да не бидете жртва, на тој програм и сопствената потсвест, менувајте ги негативните уверувања и повторувајте го секогаш, она што сакате да бидете- среќни, здрави и исполнети поединци’.

Кога ќе се појават негативни мисли, застанете и освестете го тоа, советува др. Липтон. Ако вашите родители или околината непрестано повторуваа, дека човекот е немоќен или дека животот е многу тежок, кажувајте или повторувајте некоја спротивна, афирмативна мисла- и тоа од ден на ден.

Со упорно повторување на некои нови мисли, во кои при тоа вистински верувате, ќе ги избришете старите уверувања и обрасци и ќе ги замените со нови, кои за вас се многу поздрави. И тогаш вашата подсвест навистина ќе работи во ваша корист.

Вреди да се проба!

извор: Novi pocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: