Пораката која стигна премногу доцна

Двата најтешки зборови во животот се првото “здраво” и последното “чао”. Она прво “здраво”, кога се предомислуваш илјада пати. Собираш храброст да пријдеш, се плашиш од одбивање, од разочарување. Токму она “здраво” кое ќе те вивне до ѕвездите или ќе те фрли во калта. Неизвесност…Единствениот потежок збор…последното “чао”…

Додека ти рамнодушно гледаше на нејзината болка, таа илјада пати рече “чао” низ солзи. Толку многу пати таа си рече “никогаш повеќе” а наоѓаше изговор за “само уште овој пат”. По стоти пат ја слушаше песната која на тебе ја потсетува “само уште сега”. Повторно загледана во твојата фотографија и “никогаш повторно”.

А ти знаеше дека е твоја со душа и тело. Нејзината љубов не беше “те сакам”. Беше “вози внимателно, има магла”,”јави ми се кога ќе стигнеш”,” добра ноќ”,”добро утро”…Парче душа за тебе создадено…

Со нетрпение ја очекуваше секоја твоја порака. Колку пати заспа држејќи го телефонот во рацете, со лице влажно од солзи чекајќи…

Пораки кои ти не ги читаше со денови..кои не ти значеа ништо. И тогаш стигна пораката, која таа ја чекаше толку долго. Не ја прочита…Во твоите зборови за неа, веќе нема ништо за неа. Толку пати си поигра со нејзините чувства. Толку пати ја понижи и исмеа. Толку пати ја повреди. Пораката стигна премногу доцна. Таа своето последно “чао” го кажа без глас… 

Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: