И кога ќе ти зборуваат, како немаш шанса и тогаш терај по свое

И кога не е се’ ОК во животот, обидувај се да дадеш сѐ од себе за на крајот и малерот да се повлече од твојот инает. И кога ќе те оставаат на цедило, биди уште повеќе свој, бидејќи благослов е тоа, полесно ќе се соочиш со самиот себе. И ќе те боли, ама со насмевка офкај и болката на крајот ќе се умори, чекајќи ја твојата солза.

И кога ќе зборуваат дека нема шанса и тогаш терај по свое и на крајот, ќе видиш дека поголеми рани ќе имаат оние кои не се обиделе отколку ти, со неколку удирања со главата во зид.

Дури и кога знаеш дека водиш однапред изгубени војни и понатаму верувај во победата која ќе ја добиеш, не со мускули, туку со упорност.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: