Само едноставните луѓе ја разбираат суштината на животот

Често нашите мисли се конфузни, а како последица на тоа и нашиот живот, станува конфузен. Скокаме од една работа на друга. Од важна, до неважна и обратно.

Не можеме да се фокусираме на предизвикот кој е пред нас, туку летаме од еден проблем до друг и на крај не решаваме ништо. Но, решение сепак има. Да се задржиме на она што е важно.

Станете господар на своите мисли. Свеста е неверојатен феномен. Во секој момент, можете да ја насочите во правец во кој вие посакувате. Во неа има бескрајна моќ. Се’ ова што постои во светот е последица на нечија свест.

Вашата слобода е дар, која може да избере, што ќе има во вашата свест. Какви мисли ќе бидат, одлучувате само вие. Потрудете се да бидат позитивни и конструктивни мисли. Чистете ги своите мисли.

Понекогаш се труеме со храната која ја конзумираме. Но, не можеме да замислиме колку некои медиуми и негативни луѓе не’ трујат, колкава е силата на тој отров, кој се одразува на нашиот целокупен живот. Повлечете се во тишина и размислете малку за себе и својот живот. Ослободете се од сите негативни надворешни влијанија, и направете детокс на својот ум.

Програмирајте го својот внатрешен состав одново. Развивајте го внатрешниот дијалог. Невообичаено е да се чуе човек, кој наглас разговара со самиот себе. Но, внатрешниот разговор со самиот себе е повеќе од посакуван.

Сетете се, колку новите сознанија ви се отворија во разговор со другите луѓе. Поставување на прашања и барање на одговори е процес на нашиот ментален раст и созревање. Вистинско страдање отвора вистински страници на нашата иднина. Поедноставете ги работите.

Многу луѓе во разговор со другите настојуваат да зборуваат комплицирано за да звучат сериозно. Така нивните мисли стануваат конфузни, не само во разговор со другите, туку и тогаш кога се сами. Поедноставете ги мислите и поедноставете си го животот. Совршенството на животот се наоѓа во неговата едноставност. Само едноставните луѓе ја разбираат суштината на животот.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: