Дали овој свет е најдобриот од сите можни светови?

Сите ние имаме различна улога и мисија на овој свет, можеме нашето тело да го замислиме како да е исполнето со ѕвезден сјај, кој живее во нас, ни дава храброст и моќ да ја исполниме нашата мисија, а кога таа мисија ќе биде исполнета, заминуваме на еден друг свет каде што сите наши замисли се исполуваат, а нашата душа одмара засекогаш. Овој свет, самиот по себе има тежина за сите нас како индивидуи, ни дава предизвици, загуби, но истовремено и убави сончеви денови кои ни се поткрепа за оние другите, кога е потешко да го видиме сончевиот сјај од облаците, кои виснале над нас.

Во овој свет, многумина се среќаваат со депресија, која не е загуба, ниту пораз. Депресијата е чуство кое прави да си празен одвнатре, се чуствуваш изгубено, си ‘игра’ со целата твоја психа. Можеме да ја споредиме со камче во нашиот чевел, а во моменот кога помислуваме дека нема ништо, се појавува и прави да се чуствуваш непријатно.

Но, не заборавајте, има и многу убави нешта насекаде околу нас, кои што можат да ти помогнат да се чуствуваш поживо од било кога, да му се радуваш на секој ден, поминат во смеа со блиските, пиење на утринско кафе, додека целата природа се буди со тебе.

И така, како и во сечии живот, кога мислиш дека ти е супер, дека овој свет станува убаво место и за тебе, личноста без којашто не можеш да го смислиш секојдневието, го напушта овој свет. Целиот сјај, целата среќа исчезнува и солза се тркала по твоето лице, твоите очи започнуваат да наликуваат на големи водопади, твоето срце се крши и те боли.

Велат дека болката поминува, но, тогаш многу добро сфаќаш дека таа ќе живее, само ти се навикнуваш да живееш со неа. Знаеш дека таа душа којашто си ја изгубил, заминува во еден многу подобар и поубав свет, овде таа ја завршува својата мисија и еден ден на некое поубаво место ќе се сретнете и ќе се прегрнете посилно од било кога, ке изгрее сончева светлина и капки солзи од радост, ке се тркалаат по вашето лице.

Мислам дека овој свет може да биде едно прекрасно место за живеење, можеби не е најдобиот свет од сите светови, но знам дека ние можеме да се обидеме да направиме да биде. Можеме да се потрудиме да станеме подобри личности, да се грижиме за природата, за нашите блиски, и да ја пронајдеме убавината и среќата во едноставните нешта во живеењето на овој свет.

Мила Мишовска

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: