Дали можете да ја вратите вербата во љубовта?

Пред да ја вратите вербата во љубов, потребно е многу време. Но, можно е. Можеби последната врска ви ја даде вистинската лекција, за да ја препознаете вистинската љубов кога ќе ви излезе на пат, кој знае?

Меѓутоа, мора да знаете некои работи: тоа се оние врски кои ќе ви помогнат да продолжите напред без повторување на истите грешки, препознавајќи ја вистинската љубов.

Љубовните врски лошо се завршуваат од повеќе причини, но често ако ја видиме главната причина, ќе пронајдеме едно од трите уверувања кои нема да бидат главна причина да ја завршите врската, но ќе ве спречат да изградите посилен, здрав и поцврст однос.

1. Секој од нас има посебна личност на која му припаѓа. Зборуваме за сродна душа, другата половина на јаболкото…накратко, личноста која теоретски треба да ве надополни, да ви ги пополни празнините, да ви даде она што ви треба, бидејќи во спротивно, ќе бидете некомплетна личност, која ќе има право да ја допре среќата, само ако има некој да ја носи на рамена.

Ова уверување ограничува: за вас и за другиот, љубовта само може да послужи да се изгубите едни во други, односот се заснива на потреба, а не на свесен избор, независност и слобода. Ова верување значи дека и двата партнери на некој начин се статични: ако еден се промени и другиот ги менува своите потреби. А во моментот кога другиот нема да успее да го исполни, магијата исчезнува. Затоа мора да си поставиме себеси едно важно прашање: дали е вистина, ако другата личност се развива, магијата исчезнува?

2. Вистинската љубов трае вечно ( без да мора да мрднете со прст). На зборови, сите знаеме, но фактите зборуваат сами за себе: се чини кога еднаш ќе процвета љубовта, никој не мора повеќе да се грижи за тоа дали вистински ја храни, дали ја штити и дали и’ дава она што треба да порасне. Гледајќи околу себе, се чини дека вистинската љубов е како лажен цвет: таа треба засекогаш да остане иста, без потреба некој да се грижи за неа, а еден ден кога ќе се разбудиме, ќе сфатиме дека боите избледеле, дека повеќе не е како порано и дека единствено што треба да направите…па, знаете.

3. Никогаш подобар нема да најдам. Ако претпоставиме дека никогаш нема да најдете никој подобар од него/ неа, доаѓаме до заклучок дека вие и не сакате да си ја барате среќата: ако максимумот со кој можете да се надевате во животот заврши со раскинување, нема многу надеж, зарем не? За да го тргнете уверувањето, потребно ви е само малку логика. Под претпоставка, да знаете дека никогаш никој подобар нема да најдете, вие всушност тврдите дека немате можност да се искажете себеси комплетно, се откажувате да се почитувате и дозволувате вашите врски секогаш да бидат исти? Размислете за тоа.

извор: https://www.eticamente.net/63619/e-se-quella-storia-finita-ti-avesse-preparato-al-vero-amore.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: