Подобро нека ме повреди вистината, отколку да бидам утешена со лага

Се чувствувате често празно одвнатре?

Ако се чувствувате така, не сте единствени. Многумина имаат длабоки лажни уверувања, зошто се чувствуваат неисполнето.

Постои само една причина за внатрешна празнина. Недостаток на Љубов. Но, тоа не е недостаток на туѓа љубов во вашата празнина. Внатрешната празнина е предизвикана само од НЕ љубов кон себе. Таа произлегува од НЕ поврзаност со вашиот духовен извор- неотворање за Љубов- која Бог ви ја дава во неограничени количини и негување на таа Љубов во себе, низ вистинска мисла и љубовна акција.

Исто како што дете се чувствува само и празно, кога нема никој да го сака, исто така и вашето внатрешно дете, се чувствува осамено и празно, кога не сте тука да го сакате. Вие ја предизвикавте вашата празнина, напуштајќи се себеси. Вашето его е рането и тоа може, да предизвика чувство на непријатност, дека сте недоволно добри, неважни, себични, лоши, погрешни.

Тоа се програмирани уверувања кои не се вистинити, но тие најверојатно го водат вашиот живот. Кога верувате дека не сте доволно добри, тогаш се вртите кон другите, се свртувате кон зависностите, со единствена цел- да се чувствувате добро, пополнувајќи ја празнината која сте ја предизвикале, со своите сопствени осуди- самоуништувањето.

Вистината за тоа, кои сте, доаѓа само од Духот, вашиот духовен извор, од Бог. Кога ќе се отворите за учење, ќе се случи да ги замените своите начини, со кои се заштититувавте од болката и ќе ја прифатите одговорноста, низ своето учење- како да се засакате себеси.

Тогаш ќе се случи внатрешно поврзување. Кога ги барате одговорите во себе. На крајот ќе ја почувствувате љубовта, која доаѓа одвнатре!

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading