Заслужуваш колку што даваш, бидејќи само толку можеш да примиш

Животот не е е должен, само за тебе, да биде без никакви препреки и стапици. Кога се роди, животот не ти вети, дека ќе поминеш без гребнатинка. Онаа празнина во тебе која се ширеше некако успат, која чека некој да ја пополни, за да не ‘вреска’ така гладна, никој не е должен да ја пополни. Таа дупка живее во тебе, ти си негов стопан. Никој не е должен, ниту да ја признае и прифати наместо тебе.

Никој не е должен да ти простува кога ќе се каеш и да ги прима твоите простувања, да те извлекува од тие скривници во кои си напикана, за твоите плачења поради вина, криејќи се од животот. Никој не е должен, неговиот живот да биде помалку страшен, само ти да не се плашиш.

Никој не е должен, да вади од своите џебови докази, дека си доволно добра и паметна, бидејќи никој не ја знае мерката со која се споредуваш, па испаѓаш недоволна. Никој не е должен да внимава што зборува и работи пред тебе, само да не се разниша твоето чувство за вредност на ветрот. Сите сме изложени на ист ветер, нема тука посебни правила, па нема и посебни правила за тебе.

И кога мислиш дека животот кон другите е поправеден, отколку кон тебе, дека другите се подобро оспособени за таа авантура. Никој не е должен да се сети, дека ти треба филџан шеќер, бидејќи лошо ја вариш горчината, да ти помогне додека ‘врескаш’ дека можеш сама, да знае дека те боли, додека упорно повторуваш дека со јака, да ги чита твоите мисли и чувства.

Ако нешто посакуваш, кажи му го тоа гласно на другиот. Секој е во своите арени, не си само ти опкружена со лавови. Никој не ти е должен се’ она, што некои други ти останале должни, бидејќи никој пред тебе не стои, наместо другите. Никој не е должен, пред тебе да биде безгрешен. Човек е тоа, исто како и ти.

Ако веќе знаеш дека ти се должни, ако знаеш што се’ ти должат сите твои должници, што те спречува, самата себеси да го исплатиш тој долг? Ако знаеш дека не умејеа, дека добро не направиле, што те спречува, тоа се’ да научиш и самата себеси да си го дадеш? Зошто себеси не си го дадеш она, што другите никако да ти вратат, а знаеш што ти треба?

Затоа што долгот те прави подобар, од оние кои ти должат. Затоа што тој долг те прави оправдана жртва. Затоа што, додека тие ти се должни, можеш да бидеш незадоволна и лута. Затоа што долгот ти овозможува, ништо да не си виновна. Затоа што долгот е погрешна лекција, која ја научи за тоа како другите никогаш да не те напуштат, бидејќи додека ги задолжуваш, а тие ти веруваат, не можат да одат, па и да сакаат. Ти живееш во уверување дека и немаш друг имот од оној, кој другите никако да се сетат да го вратат.

Значи никој ништо не ти должи. Посебно не безусловна љубов. Се’ додека ти на другите им поставуваш услов, дека нивната љубов треба да е безусловна. Тргни од себе! Заслужуваш колку што даваш, бидејќи само толку можеш да примиш. Сите патишта водат до тебе. Должна си себеси, од овој живот, да земеш што повеќе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: