Колку одговори немав. Колку тешки прашања ставав пред себе….

Додека ги упивам овие моменти на тишина, размислувам колку во животот ми требаше љубов и уште повеќе рака, која ќе ме повлече напред.

Колку одговори немав. Колку тешки прашања ставав пред себе. Колку страдав поради заминувањето на некои драги луѓе, бидејќи премногу ги врзав за себе.

Длабоки јами, поради недостиг од Љубов и неприфаќање на самата себе. И така требало да биде. За да стигнам до тоа, дека Јас се сакам себе, својата Љубов и своето внимание.

Најважно, прво сакам себеси да си дадам се’. Никој не можев да го сакам комплетно и со цело срце, бидејќи бев заклучена во себе. И одеднаш во еден момент сфаќам, дека мојата животна мисија е патот по кој сакам да одам.

Нема таков човек, работа, патување, кое може толку да те исполни и прошири како Љубовта која ја чувствуваш кон себе.

Дури сега дишам, сакам, се разбирам себеси и свесно се прифаќам Себе и своето Не и Да. Ќе добиеш во животот само онолку, колку што прво си даваш себеси, а потоа исто толку ќе можеш да им дадеш на другите.

Го сакам животот мој!

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: