Повеќе не се лутам. Ако мора- си одам!

Кога ќе се најдеме во сложени ситуации, учиме да одржиме одредена емотивна дистанца на емотивен план, да управуваме со нашата непријатност и два пати да размислиме пред да донесеме одлуки. Како и се’ во животот, прашање е на време и искуство, кога тоа ќе го научиме.

Тогаш можеме да кажеме дека емоционалната дистанца е ненапишан код, кој ни овозможува да ги видиме и почуствуваме работите на поинаков начин, бидејќи ни треба време, за да се осигураме дека емоциите, најчесто бесот, ќе изгубат на својата сила.

На овој начин, можеме да направиме простор за други чувства кои ни овозможуваат појасно да сфатиме што навистина мислиме и како сакаме да делуваме.

Да се одговори на овој начин, кога имаме компликувани ситуации е неопходно за подобро да управуваме со своите емоции и да обезбедиме, нашите постапки да бидат во согласност со нашите емоции.

Што ни е потребно за да го практикуваме емотивното дистанцирање? Не постои волшебна формула која ќе ви даде одговор, бидејќи тоа секогаш зависи од многу лични фактори, околности и односи кои се во прашање. Постојат луѓе кои станале дел од нас, така да дистанцирање од емоции е без сомнеж, еден од најтешките задачи.

Меѓутоа, понекогаш треба да се состават сите коцки и да се види комплетната сложувалка на она што се случува. Дури и ако не постои рецепт кој ни гарантира идеална емотивна дистанца, можеме да ви кажеме некои од клучните состојки кои во требаат, за да бидете во состојба емоционално да се одалечите од она, со кое тешко управувате.

Како што рековме, неопходно е време за да можат да се оладат одредени емоции. Набљудувајте, разгледајте и ако мора- заминете, но не носете важни одлуки, кога сте преплавени со привремени емоции, дури и ако имате голема желба да и’ кажете на таа личност она што мислите, да вриштите или дека ќе си заминете засекогаш.

Дајте си себеси време да ги смирите своите емоции, излезете во прошетка, опуштете се или почекајте неколку дена пред да се видите или разговарате со некој кој ве налутил или растажил. Со тек на време, работите ќе изгубат на значење за вас и ситните детали кои некогаш ве мачеле, ќе станат неважни ситници. Сигурно ќе научите да ги релативизирате работите и да ги прифатите како свои во одредени околности.

Да кажеме, дека благодарејќи на времето, се дистанцираме и го намалуваме нашето емотивно ангажирање, кое е одговорно за раѓање на разочарувања, очекувања, предавство итн. Да се биде моќен, кога се контролираат емоциите е можно и како што е случај со сите вештини, се учи со пракса.

Еднаш кога ќе воспоставиме емотивна дистанца помеѓу нас и она што ни се случило, ние ќе го слушниме својот внатрешен компас кој може да направи, да го чувствуваме она што е добро и она што е лошо. Многу често овие увиди се точни, бидејќи се засновани на нашите чувства, кои се многу потрајни и длабоки од нашите моментални емоции. Во тој момент, одлуките кои ги носиме кон другите и она што се случуло, ќе биде многу повеќе во согласност со она што ние мислиме и чувствуваме, а тоа е поправедно.

Благодарејќи на дистанцирањето, сфаќаме што заслужува наше внимание, а што сакаме да игнорираме. Ќе се чувствуваме подобро и нема толку многу да страдаме поради нешто што не можеме да го контролираме. На крајот е многу важно, кога сме соочени со комплицирана ситуација или претеран емотивен набој, да одржуваме одредена емотивна дистанца. На тој начин можеме да обезбедиме, нашите емоции да не ослепат и да не носиме одлуки, поради кои подоцна ќе зажалиме.

Извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: