Секој ден нека биде ден за гушкање

Колку е прекрасно кога некој ќе ни каже колку му значиме, нели? Тогаш сфаќаме колкав голем дел од нечиј живот сме Ние. И тоа знаеме да го искористиме, за да бидеме уште повнимателни со тие луѓе.

Убаво ќе биде ако денес и ние им кажеме ‘Многу ми значиш’ на луѓето кои се бесценети во нашиот живот. Нашите деца, нашите партнери, нашите родители, нашите пријатели, па и нашите соседи, браќа, сестри, соработници….

Секој, кој на некој начин, во овој период од животот многу ни значи. Да им кажеме Јасно и Гласно, да најдеме прилика.

Ако денес не можеме да го направиме тоа директно, може да пратиме порака. Понекогаш и нашите дела говорат за тоа. Тоа може да се мали дела, кои ние секојдневно ги правиме за нашите блиски.

Ако избереме тоа да биде нашиот начин, ајде денес нека биде нешто Поголемо. Нека биде Очигледно.

И нека биде секој ден за гушкање.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: