Луѓето си одат од вашиот живот, а вие не можете да ги задржите

Се случува, луѓето да си одат од вашиот живот и никако не можете да ги задржите. Си одат саканите, исчезнуваат пријателите. Многу сила се троши, во обид да се задржат, но ништо од тоа не успева.

Без оглед колку сме биле добри, луѓето сепак си одат. Жената го сака мажот малку повеќе, отколку тој неа. И на кајот тој ја остава. Мажот е посветен на жената, која не може да го почитува она што тој и’ дава и тие се разделуваат.

Јогините во такви ситуации велат, дека едноставно немате карма, за да бидете со таа личност. И без оглед колку тоа ве привлекува, ништо нема да се добие. Понекогаш немаме доволно добра карма, за да бидеме со оние кои ги сакаме. И тоа е тажно. Тука нема простор за работа на себе.

Но, еве уште едно поинакво размислување. Можеби имате добра карма, за да може непотребното да си оди од вашиот живот. Си заминуваат сосем, дури и ако жестоко се опирате на нивното заминување.

Ќе биде тажно да се живее со некој кој не’ ве сака толку силно, како вие него. Можеби универзумот не може да дозволи за вас таков полу- живот и се обидува да ве заштити од тоа. Ви дава малку време во осаменост, за да сфатите каков Дар вие сте навистина.

Ви дава прилика подобро да се запознаете себеси и да се преставите на некој посебен, кој ќе ве сака, токму такви какви што сте. Ви дава шанса да запознаете некој токму за вас.
И тоа навистина ќе се случи, треба само да ги раширите рацете и да ги пуштите непотребните.


Извор: http://www.psychology-age.ru/2017/10/blog-post_11.html

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: