Мислиш дека некого познаваш, а потоа сфаќаш дека тоа не е вистина?

Мислиш дека некого познаваш, а потоа ќе сфатиш дека тоа било само твое мислење и ништо повеќе. На крајот ги разбиваш сите свои илузии. Луѓето ги познаваш само онолку колку тие ќе ти дозволат, колку ќе изберат да бидат искрени пред тебе, бидејќи никогаш не знаеш, кое лице некој избрал да го стави и кога ќе го замени со друго.

Никогаш не знаеш колку зборовите, кои луѓето ги кажуваат е она што навистина мислат или колку е тоа некоја напамет научена улога, која се повторувала до бесвест.

Не кажувај никогаш дека некого познаваш, бидејќи само времето ја брише наслагата на лицето. Само времето ги трга маските кои долго стоеја, бидејќи луѓето не можат, а да не се уморат после некое време, не можат, а да не се запрашаат што зборуваа пред една година, месец или вчера, бидејќи е тешко да се помнат лаги и не може секогаш да се биде убедлив кога ќе ги каже.

Само кризите ги отвораат бездните во нас и почнуваме да го откриваме она најдлабокото во нас, она од што се плашевме да го откриеме и да им го покажеме на светот.

Мислиш дека некој познаваш, а потоа сфаќаш дека тоа не е вистина. Не го познаваш, бидејќи луѓето најчесто не ризикуваат да бидат тоа што се. Само вртат како гладни кучиња, барајќи искрени, добронамерни и едноставни луѓе и се хранат со нивната позитивност и добрина.

Тешко е кога манипулатор ќе ти се пикне под кожа, кога ќе ја засакаш маската, а не личноста и кога еден ден ќе сфатиш, дека не ја познаваш личноста на која му даде голем дел од животот. Не се брзај да му дадеш на некој доверба и да се врзеш, бидејќи животот има чудни начини, одвреме на време да ти даде по некое предупредување, ако веќе не сака личноста, која влегува во твојот живот.

Кога мислиш дека некој познаваш добро, размисли дали си ги поминал сите заеднички ситуации, кои го откриваат карактерот, во кои човекот не може да глуми. Ако личноста го помина овој тест на искушение и во тешките моменти покажа приврзаност и грижа со своето однесување, ако ти даде до знаење колку му значиш, можеш да кажеш дека некого познаваш.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: