Не барајте длабочина во луѓето кои се површни

Не ги барајте длабочините во плиткото. Никогаш нема да ги пронајдете. Не објаснувајте таму каде што не ве разбираат. Ќе се исцрпите, а ништо нема да постигнете. Не копајте подлабоко, ако другите не гледаат подлабоко од површината или не сакаат да видат.

Едноставно пуштете. Бидејќи некои работи мора да останат такви какви што се. Површноста е една од нив. И не се обидувајте да ја продлабочите, бидејќи длабочина тука нема. Едноставно прифатете дека од тука, нема понатаму. Подобро. Поквалитетно… Туку е такво какво што е.

И нека ве боли. Нека не ве врзува тоа, што еднаш сте разбрале. Туку бидете горди на себе што толку многу сте се оддалечиле. Бидете горди на својот развој, својата перцепција, своето поимање на стварноста. А другото пуштете го такво какво е.

Бидејќи секој има свој пат. И не значи нужно дека повторно патиштата ќе ви се вкрстат. Одете понатаму. И посакајте им среќа. Тоа е најдобро што можете да направите.

И можеби никогап повеќе нема да можете да разберете. Но, нема врска. Бидејќи знаете, дека тоа е неважно за вашата среќа. И ќе научите да прифаќате. И со време се’ ќе пуштите.

По патот ве чекаат оние кои ви се слични. Нови сопатници. Со кои ќе почувствувате длабочини за кои не сте ни сонувале. Радости за кои сте сонувале. Љубов за која отсекогаш сте знаеле дека постои.. А она што е неважно, ќе остане некаде далеку позади вас…на површина.

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: