Повеќе не сум ниту тажна, ниту лута

Тогаш кога тишината говори, вистината најмногу боли. Таа знае дека ја донесе вистинската одлука. Знае дека мора да замине. Знае дека е залудно да чека авион на железничка станица. Знае…но боли.

Времето…чудна појава. Толку кратко кога доцниш, толку долго кога некого чекаш. Изгубена во мислите, во свет кој таа за него го создаде. Свет од ситници…сеќавања. Начинот на кој чукаше нејзиното срце кога за прв пат го виде.

Таму под светлината на уличната светилка тој ја чекаше неа…Првиот бакнеж под ѕвезденото небо…И сите други. Таа толку ситна, ранлива, стуткана во неговите раце…безбедна, спокојна додека тој тивко и шепоти.

Спомени…И кога не беше покрај неа, тој чекореше низ нејзините мисли уште пред таа целосно да се разбуди. Затоа се будеше со насмевка. Километри далеку од неа, помислуваше на него…тоа беше нејзиниот бакнеж за добра ноќ.

Таму некаде помеѓу…сон…толку различен од реалноста. Тој беше виното кое ја опива и тече низ нејзините вени. Таа знае, дека спомените не се доволни да ја стоплат во ноќите. Знае дека после него веќе никогаш нема да биде истата…чувствува.

Знае и дека во тој свет од спомени, остава половина од своето срце. Повеќе не е тажна ниту лута…тој дел од нејзиното срце…таму припаѓа. Таму каде што не се бројат годините кои поминале, само моментите кои се паметат…

Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: