Пет добри сигнали дека сте на вистинскиот пат

Како да знаете дали сте на вистинскиот пат? Одлуката за промена сте ја донеле, веќе сте ги презеле први чекори.

Но, тогаш почнуваат сомнежите. Почнува умот да се колеба: ‘Зар не е подобро, да се остави се’ како што е? Неиспланирано ќе си ја потрошам силата, парите, ќе изгубам ова или она, однос со некој, а тогаш ќе мора горко да жалам што се одлучив за промени? И назад во минатото. Или можеби нема да можам на никој да му се вратам? Да, и трошоците се многу големи. Можеби треба да се откажам од планираното пред да биде доцна?’ И овие сомнежи го трујат расположението, ја одземаат силата.

Луѓето од опкружувањето, исто веќе го кажаа своето мислење. Во основа, ве уплашија и вознемирија. Малку луѓе го подржуваат човекот, кој на нешто се одлучил.
Прво, тие сами се плашат од промени и одлучни чекори, затоа искрено ве предупредуваат.
Второ, луѓето се плашат, дека во случај на неуспех ќе ги обвините нив и ќе побарате нивна помош- тие ве подржаа, што значи и задолжително треба да ви помогнат.
И трето, некои луѓе всушност не сакаат да успеете. И тоа се случува.

Значи, каде да се бараат одговорите и како да се реши сомнежот? Треба да се чекаат сигналите, знаците. Потребно е да се зголеми вниманието и да се чека сигналот, тие сигурно ќе се појават следниот ден или два.

Преку секојдневните случувања во животот, можете да ги видите сигналите. Тие ќе ја потврдат исправноста на вашиот избор, дали вашата одлука е добра. Еве некои среќни знакови:

– Неочекувано ќе слушнете приказна слична на вашата, во која се’ добро се заврши. Некој доби тоа што посакува. Ова може да биде случајна приказна, која не е врзана за вашата одлука. Случајно гледан филм. Текст на интернет.

– Неочекувано примате пари. Дури и мала количина, тоа е многу добар сигнал. Можеби подарок, но нешто сте примиле. Секоја материјална награда, неочекуван приход е добар знак.

– Без причина добивате насмевка од дете. Среќавате дете: во прошетка, во лифт, во посета, во превоз и потполно непознато дете од срце ви се насмевнува. Ништо не зборува, но се насмевнува. Така ви дава убави вести.

– Од вас бараат, случајни минувачи да им го покажете правецот, а вие знаете тоа да им го објаснете. Или ќе ве замолат нешто да разјасните. Или ќе ви побараат совет во одредена ситиација, иако не сте експерт. И можете да одговорите- и тоа е добро! Овој знак покажува: дека знаете и можете. Луѓето тоа веќе го чувствуваат!

– И во сон, некаде одите или летате, се движите кон некоја цел, пешки. Овие соништа потврдуваат дека е време за движење.

Ако постојат најмалку два или три добри знаци, тоа е сигнал да се движите и да одите кон целта. Сигналите не се гаранција за убаво и безбрижно патување. Тие единствено укажуваат дека патот е во вистинската насока, дека правилно сте одлучиле. И промената созреала. Треба да одите понатаму кон поставената цел…


Извор: https://zen.yandex.ru/media/anna_kiryanova/piat-horoshih-signalov-vy-na-vernom-puti-5cd1c1772548e400b32627d8

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: