Човекот никогаш не смее да ја изгуби Љубовта поради гордоста, но, и достоинството поради Љубов

Љубовта има секогаш граница која се нарекува достоинство. Бидејќи, самопочита има висока цена, која не дозволува попусти.
Пабло Неруда еднаш рече: ‘Љубовта е така кратка, а заборавот така долг’. Во средината е секогаш светлина, која природно свети во мрачните ноќи, за да ни ја покаже границата, за да не’ потсети дека долгата заборавност е подобра од долгата мака, во која на крајот го продаваме своето достоинство.

Понекогаш нема друг лек, освен да заборавите на своите чувства, за да се сетите колку вредите. Бидејќи достоинството на никој не му е изгубено, бидејќи љубовта за љубов не треба да се моли. Вистината е дека човекот никогаш не смее да ја изгуби љубовта поради гордоста, но, ниту достоинството поради љубов.

Верувале или не, достоинството е онаа кршлива и чувствителна нишка која често ја загрозуваме, а која ризикуваме да ја истрошиме до таа мера, за да не можеме да ги прекинеме врските на нашите емоционални односи. Многу често, несвесно ја преминуваме оваа граница, се додека не дозволиме да не’ доведе во крајност, нашите морални граници да слабеат, да мислиме дека за љубов е вредно да се направи се’ и дека секое одрекување е мало и оправдано.

Бидејќи љубовта и достоинството се две струи во разбурканиот океан, каде дури и најскусните морнари можат да се изгубат.
За гордоста често се зборува, дека егото и достоинството ја потикнуваат од духот. Меѓутоа, овие двете психолошки димензии се два секојдневни жители на турбулентните острови на емоционалните односи и често се мешаат едни со други.

Гордоста, на пример, е прославен непријател кој има тенденција да се поврзува со самољубието. Во стварноста, гордоста е нешто повеќе: таа е архитект која се специјализирала за изградба на ѕидови, за ткаење на завеси во нашите односи, за додавање на ароганција во секој збор и за негување на улогата на жртва. Сите тие деструктивни дела маскираат ниска самодоверба.

Од своја страна, достоинството е токму спротивното. Секогаш делува слушајќи го гласот на нашето его, за да гарантира постоење на најубави работи во човекот, како што е почитување на себе и другите. Концептот на љубовта кон себе го добива своето максимално значење, бидејќи со достоинатво се храни, за да се заштити и потврди самопочита, но без да им нанесе штета на другите, без предизвикување на нус појави.

Достоинството не се продава, не се губи и не се подарува. Бидејќи поразот во вистинско време се повеќе вреди наспроти неоспорената победа. Можеби од некоја битка сме излегле со полно срце и крената глава, но тагата ќе ги зарази деновите кои се пред нас.

Луѓето имаат тенденција да мислат, дека нема ништо полошо од напуштање на некој кој го сакаат, но не е така: најстрашно е да се изгубиш себе, сакајќи некој кој не ти одговара. Во здрава и достоинствена љубов, нема место за мачење и одрекување.

За да не бидете жртва на оваа збунета емоционална струја, добро е да се размисли за следните прашања, кои можат да бидат од голема помош: Во емоционалните врски, не сме обврзани да пронајдеме решение за сите проблеми на нашиот партнер, да му понудиме воздух да дише и да ја пригушиме сопствената светлина, за неговата светлина да може да свети.

Запомнете дека вистинската граница е достоинството. Љубовта се чувствува, допира и создава од ден на ден. Прифаќањето, дека некој повеќе не не’ сака е чин на храброст кој ќе не’ поштеди од екстремни и деструктивни ситуации. Љубовта никогаш не смее да биде слепа. Колку и да ви се допаѓа оваа изрека, мора да запомнете дека е секогаш подобро да се дадете на некој, со широко отворени очи, срце и големо достоинство.

Дури тогаш ќе бидете вистински мајстори на здрави, важни односи, во кои секојдневно се создава здраво сценарио без игри на моќ и ирационални жртвувања, во кои не е се’ прифатено безусловно. Достоинатвото е и ќе биде признание на нашите заслуги. Осаменоста е секогаш подобра од животот полн со недостатоци, непотполни односи поради кои веруваме дека сме споредни глумци во сопствениот театар. Не смееме тоа да го дозволиме, достоинството на никој не му е изгубено.


Извор: https://aprilamente.info/lamore-ha-un-limite-che-si-chiama-dignita

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: