Биди трпелив. Бог ќе ти го даде она што ти треба

Знам дека се обидувате најдобро што можете. Знам дека не се чувствувате доволно добри. И сфаќам дека сте уморни. Уморни сте од обиди да ги исполните ‘нивните’ очекувања, а тие, никогаш не ги почитуваат вашите напори.

Уморни сте од тоа да ги следите оние цели, кои ви се чинат така далечни, без оглед колку силно посакувате тоа да го постигнете. Уморни сте, за да сфатите дека што повеќе луѓе ги држите блиску, повеќе се опираат.

Уморни сте од љубов кон погрешна личност. Уморни сте, да го живеете својот живот. Од одбивање, неуспех и разочарувања.

Но, ако сте заборавиле, сакам да ве потсетам, дека Бог е секогаш со вас на патот. Кога сте загрижени, збунети, тажни и разочарани; ве молам, сетете се на Бог, бидејќи никогаш не ве заборава.

Што и да верувате, сетете се дека Бог секогаш знае што ви сака срцето. Ги слуша вашите молитви и ги знае вашите борби. Тој знае како плачете ноќе и колку е тешко да се задржат солзите во текот на денот. Не заборавајте, дека Бог секогаш ви го чува грбот, дури и ако никогаш не побарате негова помош.

Секогаш сетете се, дека Бог е блиску и дека тој е најдобар заштитник. Можеби Бог ве тера да причекате малку подолго пред да ја прифати вашата желба, но еден ден, кога најмалку очекувате, работите ќе се случат на најдобар можен начин.

Секогаш ви ги исполнува вашите желби во вистинско време, за да го знаете вистинското значење на трпението и истрајноста. Тој сака да растете и да го гледа начинот на кој се борите, да верувате дека Бог нема да ви даде терет кој е поголем од оној кој можете да го поднесете.

Во ред е да бидете лути на Него, бидејќи знам дека вашата болка е неподнослива, но ве молам верувајте, дека Бог нема никогаш да ве разочара на било кој можен начин. Мора да се сетите, дека можеби, она што отсекогаш сте посакувале, не е добро за вас и треба да верувате дека Бог е најдобар во правење на планови.

Тој знае, што е добро и ќе ви осигура, она што ви значи, никогаш да не помине. Додека сега се борите, сетете се дека Бог гледа и дека се гордее со таа напорна работа. Издржете. Порано или подоцна, ќе ви даде она што отсекогаш сте посакувале или ви требало.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: