Зошто луѓето ве искористуваат?

Добрата вест е дека луѓето генерално не се лоши, само кон нас лошо се однесуваат. Секако, ако тоа им го дозволиме. Ние, најчесто околу себе свесно или потсвесно им порачуваме дека можат да не’ искористуваат и третираат со ниско почитување.

За жал, најчесто ние себе самите се позиционираме со своето однесување, како магнет за паразитски односи и луѓе кои од нас земаат, земааг (бесплатно) без да ни возвратат барем приближно или да го почитуваат тоа, што за нив сме го направиле.

Како стануваме магнет за луѓето кои не’ користат?

1. Нудиме помош која луѓето од нас не ја бараат! Кога им се ‘нудиме’ на луѓето, за да им помогнеме, а помош не побарале, тоа е исто како да викаме гласно или како да носиме голем транспарент на кој пушува: ‘Искористи ме’. Кога нудиме бесплатна помош или совет, а никој од нас не ја побарал, тоа по правило нема да се почитува.

Затоа ќе го искористат нашето рамо за плачење, помош, совет, пари, бесплатни ручеци и вечери, љубов и емотивна подршка, внимание, услуги..без да чувствуваат било каква потреба, на некој начин да ни возвратат, а при тоа нема да не’ почитуваат, бидејќи тоа навистина многу и не го посакуваа, заработија, платија или побараа.

Правило број еден за поставување на здрави граници во односите е повеќе да не бидете личноста, која луѓето ја користат како крпа за бришење, со тоа што повеќе нема да давате непобарана помош и совет. Секогаш користете ја реченицата: ‘Ако ти треба било што, можеш да ме побараш’. На овој начин нудите помош, ако таа личност смета дека и’ е потребна од вас.

Второ правило. Ние сме единствената личност која весла во чамецот! А сега, размислете во кои врски ( пријателски, љубовни, семејни) во животот, вие сте навистина единствена личност која весла во чамецот? И на кого му помагате, со тоа што го носите во својот чамец и веслате неуморно сами, додека му ‘помагате’ на другиот.

Оној момент кога вие ќе престанете да веслате, чамецот ќе застане. И тогаш таа личност ќе излезе од чамецот и ќе побара некој друг, со кој повторно само ќе ужива во возењето. Или можеби со задоволство ќе весла во некој друг чамец во кој друштво ќе и’ прави личност за која навистина се грижи.

Луѓето не ги почитуваат работите кои не ги заслужиле. Затоа, што повеќе се трудите, помалку ќе ве почитуваат. Еден ден кога ќе видите како таа личност, за која можеби со години пронаоѓавте изговори, зошто не весла заедно со вас, туку со некој друг, срцето ќе ви препукне.

Ионака веслате сами.. па зошто тогаш не ја оставите таа личност на брегот и не почекате некој, кој ќе биде среќен да седи покрај вас во чамецот, весла заедно со вас и ужива во заедничкото патување?

Уште една важна напомена: Знаеме дека она, на што се фокусираме во животот, тоа расте и се размножува. За жал, често многу силно се фокусираме на луѓето кои ни се ‘недостижни’, пријатели и мажи кои не ни посветуваат внимание, кои не ни се јавуваат, кои не’ искористуваат или кои кон нас се однесуваат со малку почитување или покажуваат многу малку интерес.

Во исто време, ги занемаруваме луѓето во нашиот живот кои ни се јавуваат, кои ни посветуваат внимание и комплименти, подршка, подароци и охрабрување, кои се тука за нас кога треба, кои не’ почитуваат, кои вистински не’ сакаат и кои се грижат за нас.

Она за што не сме благодарни и она кое го занемаруваме во животот, тоа ќе почнеме да го губиме. Па така и луѓето, кои се грижат за нас, бидејќи ќе почувствуваат дека се тие единствени кои веслаат во нашиот однос, додека сме премногу окупирани со веслање, за оние на кои не им е грижа за нас

Извор: Pozitivan stav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: