Дали на другите треба да им дадете шанса

Ако им дадете на другите шанса, секогаш ризикувате, но без ризик нема ниту живот. Ако им дадете шанса, во опасност сте постојано да се вртите во маѓепсан круг, ако кај другите нема никакви промени.

Од друга страна, тешко е да се промени, некој кој не гледа проблем во своето однесување. Но, не е ниту малку полесно да се натера другиот да се менува и тогаш кога ќе види проблем кај себе, бидејќи на сцената доаѓа егото, кое не дава така лесно да се понизи.

За да се решат ограничувачките и погрешни уверувања, некогаш е толку тешко, што на многу луѓе полесно им е да го продолжат животот како што го живеат и да добијат што добиваат колку и да се незадоволни.

Болката на секоја промена расте, како што и’ се приближувате, па стравот од непознатото и сомнежот, можат да ве заробат во она што сте сега, уверени како цел живот нема да излезете од сегашните уверувања.

Ако им дадете шанса на другите, секогаш ризикувате, повторно да бидете повредени и повторно на крајот да се разочарате во луѓето. Но, еднакво така сте во можност да започнете многу подлабок однос, кој до крајот на животот може да биде исполнет со силно, тополо и искрено чувство. Ако им дадеш шанса на другите, значи си даваш шанса себеси и запознавајќи се, ја откриваш човечката природа која тебе најповеќе ти одговара.

Давајќи им шанса на другите, учете на своите, но и на туѓите грешки и најлошото ‘лице’. Ако им дадете шанса на другите, дозволувате да ја искористите животната авантура во односите кои никогаш не би ги искусиле ако ги затворите сите врати, ако изградите ѕидови околу себе и на никој не им дозволите да ги преминат.

Кога ќе им дадете шанса на другите, учете како да живеете ако ве повредат, но и без неа.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: