Жената денес не мора ништо да трпи, a најмалку себе- незадоволна

Жената денес не мора ништо да трпи, a најмалку себе- незадоволна. На жената денес и’ е потребно да љуби, да го сака она што го работи, да сака она која што е, да го сака своето семејство.

Знам жени на кои животот им се подразбира, партнер и деца се подразбираат, работа се подразбира, а незадоволството е под задолжително. Бидејќи – ‘Поинаку не може’ – велат.

И може поинаку. Бидејќи ништо не се подразбира. Најмногу во животот ни е потребна Љубов, разбирање, разговор и молчење. Од таа внатрешна љубов, жената носи важни одлуки, има поквалитетни избори, превзема одговорност за себе и го прави својот живот далеку поквалитетен, од жената која ја занемарува својата внатрешност.

Не трпете се себеси- незадоволна, туку превземете одговорност за чувството за сопствената вредност. За таков внатрешен стил на живот, секогаш можете да добиете моја подршка.

Драгана Стоиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: