Како да се одврзете од партнер кој не ве заслужува?

Поради Љубов не треба да се чувствувате мизерно. Ако тоа се случи, тогаш тоа не е Љубов. Тоа е само лажна слика за љубовта која е под контрола на егото, врзаноста и потребата.

Некои жени (мажи) запнуваат со луѓе кои не ги заслужуваат, но често не превземаат потребни чекори за да ги напуштат. Причини за останување има многу, а секоја жена (маж) ја знае својата причина. Сепак, остануваме со луѓето кои не не’ заслужуваат од 4 главни причини кои нема да ги признаеме јавно, освен себеси:

1. Страв- Тоа може да биде страв од напуштање или страв, дека нема да пронајдеме друг маж (жена) кој/која длабоко ќе го сакаме или страв од напуштање, кога постои веројатност дека ќе се промени.

2. Врзаност – не само врзаност за него/неа, туку и за заедничкото минато.

3. Надеж – сознанието дека мажот (жена) кој го сакаме не не’ заслужува, може да биде поразителна, па постојано се надеваме дека работите ќе се сменат на подобро.

4. Предавство- кога сте со погрешен човек, тоа ја исцрпува вашата енергија.

Знаеме дека напуштањето не е лесно како што некои мислат. Лесно е да се зборува за тоа, но кога треба нешто да се превземе, тоа станува многу комплициран процес. Не’ преплавува чувство на вина и емоционална загуба. А најлошо е кога ќе заглавите со маж (жена) кој-а манипулира за да останеме, кога ќе решиме да заминеме.

Овие 5 чекори ќе ви помогнат да тргнете напред.

1. Интроспекција до одлука. За овој чекор, треба да се потсетиме на минатото. Мирно седнете и вратете се на почеток на вашиот однос. Присетете се на добрите времиња, како и на оние лошите. Ако лошите работи ги надминуваат оние добрите, тоа е јасен знак, дека длабоко во нас лежи многу голема болка и дека веројатно е време за заминување. Меѓутоа, кога се враќаме во минатото, нашиот ум може да се фокусира само на добри времиња и да заборавиме на оние лошите. Ако е тоа случај, можеби е подобро да ја преиспитате својата одлука.

2. Осамете се. Одморете се на една недела, ако треба. Нема да успеете да ги најдете сопствените мисли, со вашиот човек покрај вас. Со други зборови, не треба да бидеме под негово влијание. Без оглед на одлуката, не можеме да дојдеме до решение ако немаме свој личен простор.

3. Пронајдете стабилност во вас самите. Ако сме одлучиле да заминеме, треба да го најдеме тоа место во себе, каде можеме да ја зајакнеме нашата емотивна стабилност, за да можеме да се држиме доследно до своите одлуки. Нашиот партнер можеби е подготвен да направи се’, за да останеме. Ако не сме емоционално стабилни, ние ќе паднеме во замка.

Таа е вашето оружје, без неа не можете да одите во војна со својот партнер. Тој ќе се бори со сите убави зборови на овој свет и незаборано минато кое сте го имале. Борете се со стабилност и ќе победите.

4. Не се форсирајте. Кога веќе знаете дека сакате да си одите, подобро е да не се поставува одреден рок во кој мора тоа да го направите, можете да земете време колку што ви е потребно тоа да го направите. Можеби ќе бидете подготвени за една недела, а можеби за една година.

5. Планирајте ја својата иднина. По заминувањето, не треба да жалиме поради својата одлука. Кога односот ќе заврши, треба мудро да го искористиме своето време. Треба што почесто нешто да правиме, за да ја спречиме осаменоста, досадата, а посебно- тагата.

Поради љубовта не треба да се чувствувате мизерно. Ако тоа се случи, тогаш тоа не е љубов. Тоа е само лажна слика за љубовта која е под контрола на егото, врзаноста и потребата. Следете ја својата интуиција, бидете јаки и запомнете: Оддалеку се’ изгледа тешко.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: