Твојот човек за цел живот постои- верувај во планот на Бог

Секогаш верував дека Бог има планови за сите нас и знае кога треба да ми прати некоја личност, во која ќе препознам нешто поинакво, за која треба да се борам, заедно да се трудиме, да се почитуваме, сакаме и да правиме она што нас двајцата не’ прави среќни.

Но, понекогаш тоа не функционира баш така. Научив, дека без оглед колку се трудиме нашиот однос да функционира, колку и да сме вложиле во истиот, ако не оди, треба да се помириме со тоа дека не оди. Еден на друг, всушност сме испратени како искуство, да научиме нешто за некои наши идни љубови.

Јас сум тип на личност, која дава се’ од себе, дури и ако односот не е баш најдобар, ниту за мене, ниту за мојот партнер. Секогаш се обидував да пронајдам решение, начини како да ги исправиме грешките, како да опстанеме, но всушност никогаш не увидов, колку со тоа си нанесував болка себеси, а мојот партнер го кршев.

Колку долго треба да се борам за нашата врска, ако мојот партнер повеќе не ме посакува? Бидејќи ја знаете она старата: ‘Љубовта треба да биде доволна’. Или само така се зборува. Да, љубовта би требало да биде доволна…кога си со вистинската личност. Онаа која Бог ти ја предодреди за тебе.

Јас навистина верувам дека она што Бог има за сите нас, тоа не треба да ни се одземе. Верувам дека Бог се’ испланирал за нас. Само мора да трагаме и да веруваме, дека таа личност ќе биде најдобра за нас. Можеби токму сега некој чека да завршиш со својата врска, за да може да дојде во твојот живот. Не верувам во случајности, мислам дека секоја личност, која ќе влезе во нашиот живот има своја цел.

Или нешто ќе те научи или ќе те зацврсне или ќе те разочара… Без оглед колку е далеку ‘тој некој’, секогаш ќе го најде својот пат во твојот живот. Затоа не заборавај, ако си во врска која не те прави среќна, ако партнерот те оставил, заминал или ти него го остави, тогаш таа љубов не е судена, а со прекинот само отвораш слободен пат на оној кој треба да дојде.

Бог има план за нас. А таа личност ќе биде вредна за сите наши болки, сите молби и страдања и сите неволји кои ги поминавме. Се’ е тоа, дел од животот кој треба да го поминеме, за да го искусиме овој прекрасен живот. Во овој момент, моли се само за ‘Оној’. Тој сигурно ќе дојде во совршен момент за тебе.

Извор: Zdravaisretna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: