Една кратка приказна за уметноста на малите чекори

Бев малку над 30, кога научив дека на вообичаеното прашање: “Со што се занимаваш?”, сега може да се одговори со “Осим Хаим (Се насладувам на животот)”.

За прв пат го чув тој израз во Израел. Градско кафуле. Пладне. На соседната маса возрасна двојка. Тој и таа. Не се сопружници, по мое – пријатели. Тие пријатно си разговараат, пијат кафе. Наеднаш телефонот ѕвони. Од другата страна на линијата некој го праша: “Што правиш?” А тој одговори: “ОСИМ ХАИМ” (Се насладувам на животот)!

Не решавам проблеми, не печалам пари, не барам одговори на прашања, не поставувам цели и не ги постигнувам, не! Едноставно моментално се насладувам на ЖИВОТОТ! Таа игра на зборови буквално ме маѓепса и сфатив дека сакам да научам нешто повеќе за неа.

Првиот пример ми го даде еден сопственик на продавница за миленичиња. Кога рано сабајле тркнав до него за храна на кучето. Тој ја беше отворил продавницата, но уште не беше се’ наместено бидејќи бавно ја редеше стоката. Јас, по стара балканска навика, почнав да му објаснувам дека се’ ми треба брзо и веднаш. Тој ме погледна и од еден кафез извади мало зајче и го стави во моите раце.

Во тој момент разбрав што значи “Осим Хаим”! Времето за мене запре. Сакав со часови да го галам тоа бушаво и меко топче. После тоа имаше и многу други примери, секој ми носеше среќа.

Богатството не е во тоа какво палто носиш, ниту каква кола возиш, ниту каков модел е твојот телефон. Богатство се живите родители, здравите деца, верните пријатели и силното рамо на саканиот човек. Ако вие можете да гледате, да одите, да зборувате, да сакате, и секое утро да се будите среќни, вие сте многу богати.

Кога се жалите од животот, помислете на оние кои рано го напуштија. Кога се жалите од мажот, претставете си колку има немажени жени кои мечтаат да се омажат. Кога се жалите од жената, помислете колку мажи се сами. Кога се жалите од непослушните деца, помислете на оние кои секој ден го молат Бог да имаат деца.

Ценете го тоа што го имате! Има три нешта кои ја крадат радоста и спокојот – жалењето за минатото, несигурноста за иднината и незадоволството од сегашноста.

“Ние се раѓаме со вресок, умираме со тишина, ни останува само да живееме со смеа” – Виктор Иго. Бидете среќни! Не само на празниците, туку и во делниците! “Осим Хаим”! Сакајте и бидете сакани!

Јанева Ивана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: