Кога ќе се сретнат сродните души?

Срцето е најмоќниот магнет кој го поседуваме и главен инструмент за привлекување и креирање на нашата стварност. Законот за привлекување делува преку нашето срце. Умот е контролор и тој создава граници, кои се продукт на нашите уверувања. Умот ја ограничува експлозијата на нови варијанти во нашата стварност.

Ајншајн еднаш рекол: ‘Се однесуваме секогаш исто, а очекуваме други резултати’ односно, со помош на истата формула, очекуваме решение за сите математички проблеми.

Дружењето со негативни, несреќни, незадоволни и агресивни луѓе ја руши нашата енергетска хармонија и ја нагризува како киселина. Затоа треба да се доближуваме до духовноста и така да се оддалечиме од она што ни носи штета. Не е сеедно во какво друштво се наоѓаме и какви зборови слушаме.

Кога преку некој партнерски однос ќе дојде до размена на енергии, се создава ентитет на измешани енергии кои ги нарекуваме ‘врска’ помеѓу две личности. Врската трае многу подолго од физичкиот контакт меѓу тие двајца. Преку тој однос, ние го превземаме она што го емитира енергетскиот систем на партнерот – психо- емоционални содржини, уверувања, болести, искуства, доживувања, впечатоци и сл. и тоа станува дел од нас, односно влијае на квалитетот на врската.

Што подолго сме во врска или општо во однос со некој, нашата енергетска структура се менува и ускладува, оттаму и заклучокот, дека две личности кои живеат заедно со текот на времето почнуваат да личат еден на друг, ги превземаат гестикулациите, однесувањета, уверувањата и сл.

Нашиот физички лик е отисок на енергетскиот вртлог во нас, односно негов манифестиран облик, а енергијата е движечка и не е ограничена со физичката сфера, така да константно соработува со енергијата на опкружувањето.

Одамна се знае дека убавината доаѓа одвнатре, што е потполно точно, ние сме само инка низ која се влева енергија и екран кој го отсликува она што е внатре. Потребата за маскирање и шминкање е продукт на внатрешното незадоволство и желбата за разубавување на сликата.

Односот со партнерот може да биде многу тежок, посебно во сегменти каде се судираат нашите и неговите неускладени уверувања. Уверувања и мислења се обрасци, кои се впишани во нашата потсвест и ги пренесуваме низ нашите животи, се додека не научиме како со мудрост да ги трансформираме. Токму таквите затегнати односи имаат улога да не’ трансформираат и научат како да делуваме од љубов.

Кога делуваме од мислење и уверување, судирот е неизбежен, но кога делуваме од љубов и желбата, на некој да ја даваме  таа љубов безусловно, подготвени сме потполно, да ги рашириме своите досегашни уверувања, а тогаш и партнерот исто така го превзема нашиот модел на однесување и неговите мисловни ентитети немаат повеќе со што да се судрат, така и тие ја губат својата сила.

Кога гордоста и тврдоглавоста, ќе им направат место на мудроста и кога љубовта тргнува да го исполнува нашето срце, можеме да очекуваме и дека партнерското однесување ќе се промени. Со осудување и постојано приговарање нема да стигнеме никаде. Ако сме ние продуховени, а партнерот не е, не треба да се чувствуваме супериорни и возвишени или да размислуваме да го напуштиме, туку само да го следиме правилниот пат, бидејќи партнерот постепено ќе се усклади со нас.

Во животот често се случува убава личност, да најде помалку убав партнер или неугледен човек, па сите се прашуваат- ‘што виде во неа/ него’, но и покрај тоа, тие добро функционираат. Физичката убавина не е никаква гаранција дека ќе имаме успешен љубовен живот и ориентацијата, кон исклучиво физичкиот аспект на животот не’ носи во ќорсокак, површност и неразбирање на духовната суштина.

Во одреден период од животот, физичката привлечност и страст стагнираат и тогаш доаѓа до најголемата криза, кога повеќе не ја разбираме смислата на односот, а тогаш често доаѓа и до неверство, бидејќи се настојува да се пополнат создадените празнини.

Партнерите треба да дозволат физичката страст да се замени со духовно поврзување и тогаш физичкиот контакт не е толку неопходен, за врската да се одржи. Навредата која ја чувствуваме кога ќе го откриеме неверството на партнерот, треба да биде знак дека со партнерот не сме на духовна фрекфенција и дека треба да работиме на воспоставување на подлабока духовна врска, а не да се препуштиме на деструктивните сили кои ќе не’ одведат во болест.

Наместо да станеме лоша, фрустрирана и несигурна личност, треба да се разбудиме од комата чисти, да најдеме сили во самите себе и да тргнеме во духовните сфери на животот. Само со простување, добрина и со љубов ќе го најдеме патот до срцето на партнерот и тој нема да има избор, туку ќе тргне по истиот пат.

Разделувањето може да биде добро. Нема тоа што љубовта не е во можност да постигне, но ако неминовно дојде до разделба меѓу партнерите, то не треба да биде во непријателство и лоша атмоафера. Ние всушност треба да го сакаме својот партнер и кога ќе го напуштиме. Некогаш привремените разделби се неопходни за да се одморат душите и да го осознаат патот на правилното делување, бидејќи во напната атмосфера, доаѓа до акумулација на негативна енергија која во партнерите создава омраза и одбојност.

Едноставно, работите не треба да се присилуваат и треба да се пуштат да се одвиваат сами од себе, а не онака како што ние тоа го планираме или мислиме дека е правилно. Мислењето најчесто не е наш сојузник, бидејќи преставува сила на спротивности, во однос на магнетот на срцето и тоа секогаш има нешто за анализа и да каже во прилог на вознемирувањето на нашата внатрешност.

Ние на пример, после расправија и смирување со партнерот, ќе продолжиме да се држиме до истите уверувања и ‘ќе си тераш по свое’ со намера да му ги извадиш од главата некои негови ставови, навики и сл. а всушност, само ја продолжуваме агонијата и нашите уверувања, ги одржуваме вештачки во животот.

Уверувањата не можат да живеат сами по себе, тие секогаш бараат одредена платформа и потпора кои самите ја создаваме. Често нашата животна цел е да смениме некоја особина на партнерот и поголемиот дел од нашиот заеднички живот го фокусираме на неа, и’ даваме сила, со што ја храниме и ја одржуваме во живот.

Тоа се често навики од кои лично немаме штета, но редовно доживуваме стресови, кога се соочуваме со нив и тоа ни го расипува уживањето во моментот. Така одново ја бетонираме платформата на своите уверувања, за кои секогаш ќе запнуваме, се додека не ја срушиме. Наместо да го возиме автомобилот по патот, ние бираме пат полн со дупки, кривини и препреки, но и во случај сите делови да отпаднат од силината на ударите во дупките, ние не се откажуваме од слепо возење во бездна.

Се’ што можеме да направиме за да го поправиме својот живот, сета моќ и алати се во нас. Жената често ја запоставува жената во себе и се доведува до непривлечна состојба, копнее за доминација, контрола и сл. Со што се препушта на доминацијата на машките особини или пак несакајќи да порасне, се обидува да остане вечно девојче. Па се прашува зошто е толку фрустрирана, несреќна, осамена, несфатена.

Работата е едноставна, ако си жена, тогаш биди и наштимај се потполно на фрекфенција на жена, угаси ги внатрешните препреки и пориви, кои те одвлекуваат од таа улога и во секој момент, да научиме кога се будат силите на спротивностите. Кога си жена, ќе се чувствуваш потполна во секој момент, без зависност од партнерот и потребата за негово присуство за да се пополнат празнините.

Партнерот не треба да го гледаме како инструмент за разубавување на нашата стварност, исполнување на желби, пополнување на недостатоци и сл, бидејќи тие механизми веќе ги имаме во нас самите. Партнерот најчесто е сродна диша која не’ пронајде од љубов, сите искуства во кои влегуваме се партнерот имаат за цел да не’ прочистат и измијат од негативни уверувања и себичност, наведувајќи не’ да ја откриеме љубовта и моќта на простувањето.

На таков пат, единствено може да не’ поведе, душа полна со љубов кон нас. Иако тоа често се неблагодарни улоги кое нашето его ги интерпретира како нешто негативно, треба да знаеме дека длабоко во позадина е склопен договор меѓу душите, да се сретнат и да одиграат исцелителна драма на нашиот живот. Затоа треба да внимаваме и со љубов да се однесуваме кон сите души кои се појавуваат во нашиот живот.

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading