Не постои проблем, кој во своите раце не носи подарок за тебе

‘Ти бараш проблеми, бидејќи ти се потребни нивните подароци’- Ричард Бах. Оваа реченица ја прочитав во моментите кога го освестив фактот, дека барам искуства кои ми овозможуваат да доживеам и да ги надминам, за мене некои важни и актуелни теми. Сите тоа го правиме, можеби почесто несвесни за тоа, зошто трагаме по непријатните искуства, за од нив да направиме бисер.

Ако често помислуваме, дека нешто е толку тешко за нас и тоа едноставно не можеме да го надминеме, значи дека пред нас е голем скок во сознавањето и разбирањето. Ние ги креираме своите искуства, создавајќи си себеси прилика за раст и развој, а тоа се ситуации кои најчесто ги доживуваме како проблеми.

Многу е важно постојано одново да го освестуваме фактот, дека сме и сами креатори на своите искуства, било тоа да го правиме свесно или несвесно и дека ништо не ни праќа никој друг (Бог, Универзум, Живот) туку тоа го правиме секогаш ние самите, за да ги искусиме, доживееме и да почувствуваме најразлични работи.

Секако, не ги креираме овие ситуации со својот ум, туку тоа го креира нашата Душа. Многу наши различни искуства се наменети самите да се осознаеме, односно ни помагаат, искуствено да дојдеме до одговор на прашање, кој сум јас.

Ние свесно можеме да прифатиме дека сме дел од Бог, дека сме негово сакано дете, дека е тој и во нас, токму како и во се’ околу нас. Ние посакуваме тоа да го доживееме и искусиме (барем некои од нас), да се увериме за тоа.

Сите сме различни, различни се и искуствата кои не’ водат кон тие сознанија. Како краен исход, во состојба сме искрено да почувствуваме и да препознаеме Љубов во се’, дури и во најдобрите моменти и најстрашните човечки однесувања. Тогаш повеќе не мериме со човечка логика, бидејќи сме преминале на друго ниво на сознание.

Нашата Душа напредува кон сознание и совршенство низ искушенија. Тие ни помагаат да ги скротиме човечките и да ги развиеме духовните реакции. Овие искушенија се јавуваат во различни облици, како предизвици, разочарувања, предавства, загуби, повреди, болести…

Кога се’ во животот се одвива во согласност со нашите желби и потреби, лесно ни е да поверуваме дека сме бесмртна Душа, дел од божественото. Меѓутоа, кога животот ќе бара многу од нас, потешко ни е да останеме во допир со своето внатрешно битие.

Сепак, запомнете, искушенијата не доаѓаат да не’ мачат, туку од нив да примиме некој подарок, да го пратиме својот духовен напредок и да го потикнеме. Во моментот кога се соочуваме со некоја кризна ситуација, може да ни се чини дека сме казнети поради нешто, но тоа воопшто не е така.

Некое тешко животно искуство или епизода не се показатели дека сме на погрешен пат и сме добиле она што заслужуваме (во смисла на некоја казна). Ова идеја не подразбира дека постои виша сила која не’ казнува штом направиме нешто погрешно.

Бог е Љубов, тој никогаш не не’ осудува, ниту не’ напушта, туку ние критизираме и се напуштаме самите себе. Потешкотиите, не се казна, туку некоја врста на испит пред преминувањето на следното ниво на сознание на нашата божествена природа.

Ние не сме ниту светци, ниту грешници, туку Божји деца, создадени од љубов, а нашето животно патување ја осмисли нашата Душа за да ни помогне да направиме она што сме го одбрале. На своето патување секако секогаш имаме безрезервна подршка. Знајте дека не сме сами.

Сузана Вемиќ

alternativainformacija

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: