Она што е ваше, не можете да го изгубите, ако научите тоа да го живеете и посакувате

Со пуштање на позитивна енергија, отворате пат кон манифастација, кон посакуваното. Вистина е, се’ што бараме и и се’ она по кое трагаме, веќе е наше. Како и зошто?

Кога замислувате желба или во главата имате некоја цел, веројатно несвесни за тоа дека секоја позитивна енергија е врзана за таа желба/цел  ја испраќате во Свемирот. Во тој момент, во главата креирате слики за себе таму некаде, на патот кон остварување на се’ што сакате. Имате восхит, топлина, ентузијазам, страст која пополека се шири во вашите вени, како и надеж. Не претчуствувате, дека пратката од тој момент е во подготовка, на старт, за еден ден, кога ќе бидете свесни за моќта на мислите и енергијата, да ја зграбите.

Како е тоа мое, кога моментално немам ништо, сигурно ќе прашате?

Тоа е дел од вас, вашата суштина, вашите соништа, ваша енергија која ја делите со остатокот од светот. Можеби сте несвесни за дејството на своите мисли и енергијата со која вибрирате. Можеби не сакате да верувате во тоа, бидејќи ‘секогаш цврсто стоите на нозе’.

Можеби сметате дека не ви е дозволено да чувствувате поврзаност со изворот, да чувствувате дека ги имате сите можности, да се остварите и да го добиете заслуженото. Со време, кога ќе научите да ги креирате мислите и оние негативните да ги замените со што повеќе позитивни мисли, за да привлечете изобилство и да ја зголемите енергетската вибрација, е тогаш ќе сфатите.

Се’ она што сме замислуваме, во што дававме неповратно делови од себе, делови на нашата Љубов, емоција, надеж, од тој момент ни е ставено на патот и не’ бара нас.

Кога ќе се манифестира посакуваното, како тоа ќе го препознаете?

Ќе се манифестира тогаш, кога ќе го отворите своето срце и ум за да препознаете колку енергијата е бесконечна и моќна. Тогаш кога ќе прифатите дека самите сте одговорни и виновни за повеќето од она што ви се случило, бидејќи со своите реакции на искуствата, ги повикувате последиците, било да се добри и лоши. Ќе дојде тогаш кога најмалку сте очекувале и навистина сте заборавиле дека некои желби, успеавте да ги искажете.

Животот ќе се отплетка во тој смер, ќе ве насочува таму каде што сакате да бидете. Дури и кога вашата вибрација и верба ќе се разниша, она што е важно е вашето Јас да верува во таа желба. Да верува дека остварувањето ќе настапи со тек на време, кога ќе ги откриете сите свои облици. Кога она што го побаравте, ќе го побара патот до вас, а вие само отворете ги своите раце и гушнете ги сите прилики.

Не пропуштајте, да го осознаете тој момент за промена и раст. Не дозволувајте од силината на восхитот и изненадувањето, самите себе да си го скратите она доброто, бидејќи не сте програмирани да верувате во чудо. Сфатете, самите ги создавате своите чуда! Свемирот е само одговор на нашите чуда. Тој ни испраќа она што сами вибрираме, сонуваме, креираме.

И не, не е доволно само да се посака нешто. Мора да сфатите дека се’ што сакате има тенденција да расте и да дојде до вас, ако е пуштено со многу јака енергија. Исто така, бидете свесни за своите мисли, бидејќи можете да го привлечете и лошото, ако им дозволите на негативните емоции да доминираат во одредени моменти.

Од ден на ден, важно е да ја зајакнувате својата вибрација на добро. Важно е да научите да ја слушнете својата душа, својата интуиција. Не значи тоа да се живее во лага, да се правите дека сте добро, кога не сте добро. Тоа значи, да не ги влошувате оние веќе лоши ситуации, кои веќе сте ги предизвикале. Туку, да научите да им приоѓате од друг агол, за да ја согледате својата севкупна слика, да ги разделите деловите, да сфатите што мора да промените, за да не останете затекнати во кругот на лошите емоции и исцрпувачките енергии.

Ако моментално имате лоша волја, не знаете што понатаму, се мачите со колебања, неодлучни сте- не се форсирајте себеси, ниту пак другите. Застанете на топката, најдете време за себе, работете она што ќе ве оддалечи од негативните мисли или едноставно само затворете ги очите за момент и дишете.

Живејте за тој момент, неоптеретени, свесни дека она што треба да дојде, ќе дојде, да научите да ги отпуштите кочниците, да ја препуштите контрола и да менувате она што навистина можете- себе.

Кога ќе се прифатете себе со сите свои промени на расположенија, несигурности и колебања, полесно ќе ја отворете вратата за другите и ќе му дозволите на Свемирот да ве исцели и да ви го испрати посакуваното.

Што кога она посакуваното стане стварност?

Тогаш, делете ја својата радост со другите. Тогаш бидете благодарни и среќни, бидејќи сте ја кренале вибрацијата високо, секој ден живејте со насмевка на лицето, креирајте секој ден мали чуда, за да и нив ги привлечете. Не можете да изгубите она што сте поставиле, она што е ваше, ако тоа вистински научите да го живеете и посакувате.

Тоа нема да стигне до рацете на другите луѓе, бидејќи вие сте креатор, секој од нас на поинаков начин ја креира нашата сегашност, притоа и иднината. Не го заборавајте сегашниот момент. Тој е најважен, поважен од минатото и од она утре.

Ќе дојде утре. Овде и сега е се’ што имаме, единствено оружје со кое можеме да постигнеме она што посакуваме. Секој ден треба да правиме мали чекори кон желбите, да се подготвиме себеси на она што е побарано и да чекаме да ни биде испорачано.

Марина Ломбаровиќ
Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: