Само кога ни е доста, навистина доста, тогаш се отвора излез

Извадоци од книгата ‘Будење’ на Антони де Мело

❤️ Многумина од нас се заспани, без да знаат за тоа. Се раѓаат заспани, живеат така, жените заспани се мажат, подигаат деца, умираат заспани и никогаш вистински не се будат. Никогаш не успеваат да ја сфатат убавината и магијата на она што го нарекуваме човечка егзистенција.

❤️ Луѓето во суштина не сакаат да пораснат, не сакаат да се променат, не сакаат да бидат среќни.

❤️Само кога ни е доста, навистина доста, тогаш се отвора излез.

❤️ Кога ќе излеземе на патеката на духовното просветлување, единствена работа која треба да ја научиме е токму тоа: одвикнување, одвикнување, одвикнување од се’ што сте научиле. Потребна е волја за одучување, за слушање.

❤️Животот е банкет, а трагедија е што поголемиот број на луѓе умира од глад.

❤️ Светот е таков каков што треба да биде. Вие сте тоа, што треба да се промени.

❤️ Совршена љубов исклучува страв. Таму каде што постои љубов не постојат барања, очекувања, зависност. Јас не барам да ме направите среќен: мојата среќа не зависи од вас.

❤️ Ослободете се од страв од неуспех, од грижа за успех и ќе бидете она што сте. Опуштете се. Нема да возите, како што сега правите, со ногата на кочница.

❤️ Среќата е нашата природна состојба. Среќата е природна состојба на малите деца, на кои царството им припаѓа, се’ додека не бидат извалкани и загадени со глупоста на општеството и културата. За да се постигне среќа, не треба ништо да се прави, бидејќи среќата не може да биде достигната.

Знае ли некој зошто? Затоа што веќе ја имаме. Како може да се трча за нешто што е веќе во нашите раце? Зошто тогаш не ја вкусите? Затоа што мора од нешто да си скратите, да отфрлите нешто. Мора да ги отфрлите своите илузии. Ништо не треба да остварите или да добиете, за да бидете среќни. Напротив, потребно е да отфрлите нешто. Животот е лесен, чудесен.

❤️ Негативните чувства се само во вас. Не постои ниту еден човек на светот кој има моќ да ве направи несреќен. Не постои ниту еден настан кој има моќ да ве вознемири, загрози или да ви наштети. Ниту еден настан, никаква состојба, ниту една ситуација, ниту еден човек.

❤️ Ние ги гледаме луѓето и работите околу себе, не онакви какви што се, туку какви што сме ние.

❤️ Животот има смисол само ако се доживува како тајна, која нема смисла за рационалниот ум.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: