Дали некои луѓе ни ја земаат енергијата?

Често се спомнуваат емоционални вампири. Тоа се луѓе кои не’ мачат со својата негативна емоција до точка на губење на нашата енергија, оставајќи не’ исцрпени со главоболка и замотани во сив превез на очајот.

Според научниците, оваа динамика може да ја поништи нашата психолошка благосостојба, поради чудното влијание кое го има на нашиот мозок. ‘Емоционални вампири’ се сите оние кои со своето однесување, зборови или ставови предизвикуваат неодредена малаксалост.

‘Ако некој бара канта за фрлање на неговото ѓубре, нека не биде тоа вашиот ум’- Далај Лама.

Меѓутоа, некои експерти зборуваат дека покрај одземањето на нашата енергија, тие ‘вампири’ можат дури и да ни го пренесат своето расположение. Кога ќе се фатите себеси со прашањето: -‘Зошто морам да го слушам ова?’, значи дека не можете да го избегнете нивното негативно влијание, се додека во еден момент не го препознаете, па затоа во некои прилики, успеваат да ја намалат нашата продуктивност.

Со други зборови, тоа се поедници кои се присутни во секоја работна средина и со својот негативен став, можат да ги ‘заразат’ сите вработени со својот емоционален набој. На ист начин се создаваат навистина непријателски опкружувања во кои повеќемина се чувствуваат ‘разорено’.

Меѓутоа, феноменот на емоционален вампир се карактеризира и во многу друг контекст и со поинаква динамика.. Кога ќе се ‘поврземе’ со некој, кога ќе добиеме одредени непријатели или недоверба, нашиот мозок ослободува кортизол, хормон на стресот. На тој начин, во нашиот ум ќе се појави конкретна сензација: закана.

Во исто време, не можеме да го игнорираме она што се случува во таа софистицирана мрежа на меѓусебно поврзани клетки, кои го карактеризираат нашето огледало на нервниот систем, кое не е ориентирано да снима и обработува преку изразот на лицето на луѓето или нивните тела, туку често се идентификува со расположенијата, со кои луѓето не’ опкружуваат.

Научниците исто така тврдат, дека некои луѓе се почувствителни од другите. На овој начин, ефектот на хемискиот стрес, излегува од нашиот мозок со постојано чувство на страдање, во комбинација со негативните емоции кои другите ги пренесуваат на нас и прават да чувствуваме единствена и упорна желба: да побегнеме.

Што треба да направиме за да одржиме добро ниво на енергија? Би било убаво да бидете во состојба да се соочите со емоционалните вампири или личности кои ви ја крадат енергијата, но доволно е да се одалечите од нив. Но, тоа е малку повеќе еуфемизам, бидејќи сите знаеме дека мал број на луѓе, може слободно да замине од таквите ‘вампири’, кои ни скратуваат од желбата, среќата и енергијата, секој пат кога ќе ги сретнеме.

3 решенија за зачувување на енергијата.

– Постојат одбранбени механизми за контрола на овие луѓе. Многу делотворна стратегија во пракса е да се ‘ослободиме’ од влијанието кои тие можат да го имаат на нас. Не се двоумете, на пример, да ја повторувате оваа мантра:
‘ Тие ќе ја земат мојата енергија, само ако тоа го дозволам’.

– Рационализирање. Постојат луѓе кои имаат вообичаена навика да зборуваат само за негативни работи, за тоа како животот е лош кон нив. Еден од начините да ги застанете е да рационализирате со самодоверба: ‘наместо што не сакаш, реагирај со убаво кон се’. Барем еднаш би сакал да зборуваш за позитивни работи’.

– Научите да кажете ‘Не’. Оваа стратегија е едноставна и ефикасна. Објаснете му веднаш на вашиот ‘емоционален вампир’ дека немате време да ги слушате неговите критики, дека не сте подготвени да учествувате во трачарење и пред се’, да бидете малтретирани на било кој начин.

Да заклучиме, постои момент во кој мора да станеме свесни за нашите потреби, за да ги спречиме другите да бидат паразити во нашиот живот и да го реметат нашиот мир. Возможно е да се опкружуваме само со луѓе урамнотежени и среќни, мора да научиме да ги почитуваме и оние кои ќе не’ изложат на урагани, меѓутоа, треба секогаш да бидеме сигурни и свесни за она што посакуваме.


Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/la-scienza-lo-conferma-alcune-persone-prosciugano-le-nostre-energie-v/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: