Не се среќаваме случајно, се’ е Божја промисла

Треба внимателно да се однесуваме кон средбите во животот. Ако човекот нешто ни дава, помага, не’ услужува едноставно од симпатија- најверојатно и ние можеме нему да му помогнеме. Размената е секогаш овозможена помеѓу добрите луѓе.

Понекогаш тоа се пари. Понекогаш- живот.

Еден кардиолог се грижел поради својот автомобил. Се расипал, но трошоците околу неговата поправка биле големи. Лекарот имал финансиски проблеми, мало дете и невработена жена. Тој бил најобичен лекар, со најобична плата. Поправката на автомобилот, за него бил голем трошок.
Еден негов пријател го запознал со негов пријател, механичар. А тој пак некако ја сфатил ситуацијата и го поправил автомобилот поевтино. Само поради симпатија.
Лекарот топло му се заблагодарил, платил, а потоа не спиел цела ноќ. Се посоветувал со сопругата, а другиот ден го повикал механичарот да дојде кај него на работа. Механичарот се изненадил, дури се уплашил; лекарот одлучил да го искористи и нешто друго да го примора да работи?
Но, лекарот бил упорен. Со убедување и ветување, го присилил механичарот да прифати некои испитувања- и точно! Откриена е страшна и опасна болест, а тој не сакал да оди на лекар.
Се’ добро на крајот се’ завршило. Успешно и на време бил опериран. Лекарот му го спасил животот. Уште кога го видел првиот пат, кога договарале за поправката на автомобилот, по неговото дишење и бојата на усните, се посомневал дека нешто не е во ред. А потоа го спасил животот на човекот!

Тоа е често случај. Не се среќаваме случајно. Треба многу внимателно да се однесуваме кон средбите во животот.
Ако човекот нешто ни даде, помага, ни дава услуга, едноставно поради симпатија- најверојатно и ние можеме нему да му помогнеме. Размената е секогаш овозможена помеѓу добрите луѓе.

Понекогаш тоа се пари, понекогаш живот.

Многу сме потребни едни на други. И секој треба да размисли, ако добие нешто од човек- зошто го сретнав? И исто така, да знаеме дека нешто треба да дадеме. Тоа, што имаме…

Извор: https://econet.ru/articles/my-vstrechaemsya-ne-sluchayno-lyudey-svodit-zamysel

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: