Со невидливи нишки се поврзани оние на кои им е судено да се сретнат

Со магична, невидлива нишка се поврзани оние на кои им е судено да се сретнат. И ниту времето, ниту просторот, ниту другите луѓе, ниту најтешките препреки, нема да можат да им засметаат. Ние не доаѓаме на овој свет сами, иако се чини дека раѓањето е почеток, нов чист лист. Нови можности, нови средби, нови знаења.

Но, зошто, тогаш кога ќе пораснеме некаде во длабочината на душата знаеме, дека на овој свет постои човек кој е многу сличен на нас, поточно не е сличен, туку неизмерно близок и со кој сигурно ќе се сретнеме. И одиме низ животот со претчувство дека само уште малку и ќе го сретнеме него. Можеби зад следниот агол, можеби следната недела или можеби под најнеобични околности. Сешто може да биде.

Во меѓувреме, ќе се сретнат други луѓе на патот- интересни, убави, паметни, привлечни. Хормоните работат, чувствата се зголемуваат. Се чини дека е тоа љубов. Речиси вистинска. Но, времето поминува и со него се враќа и чувството дека нешто не е во ред.

Светилникот во градите влече да се бара Тој, вистинскиот. Не престанува. И тогаш кога ќе се откажете од сите обиди да се најде некој, кога потполно ќе се прифати фактот дека Другиот не постои, кога во потполност се откажувате и работите ќе ги прифатите реално, својата осаменост посебно…Дури тогаш таа невидлива магична нишка се затегнува и незабележително праќа сигнали кон тој, Другиот.

И настаните се усогласуваат и ќе се сретнат двајца осамени, кои веќе изгубиле секоја надеж дека ќе се сретнат. Тие ќе се најдат еден со друг, само кога ќе ја осознаат суштината на слободата и осаменоста, кога мудроста ќе ја надвладе глупоста, свесноста над несвесноста, прифаќањето над неприфаќањето.

Дури тогаш нивните срца ќе звучат усогласено, кога гордоста и егоизмот ќе го спуштат оружјето, дури тогаш на Душите ќе им се укаже патот за спојување, кога подготвеноста да се сака, навистина ќе го достигне својот врв.

А тоа е можно само познавајќи ја алтернативата, знаејќи што не е љубов. Тие ќе се сретнат. Чисти, искрени, еднакви, подготвени да сакаат, да даваат, да бидат уште подобри. Бидејќи двајца- тоа не е едно. Заедно се појаки.

Размена на чувства, мудрост и цела вечност за експеримент. И светот ќе им аплаудира, бидејќи таков сојуз секогаш носи Светлина и знаење за целото опкружување. Ниту далечината, ниту луѓето, ниту тешките околности не можат да ги спречат да ја исполнат својата мисија.

Тие се сретнале- значи, се’ е веќе готово. Сето друго е само прашање на време. Главно е да се сфати дека вистинската љубов- не е искра во огнот на животот. Вистинската љубов- е оган. И во нејзиниот пламен ќе согори сето она, што ќе го спречи нивното обединување.
Со магична, невидлива нишка се поврзани, оние на кои им е судено да се сретнат. А таа нишка е вистинска љубов.

Извор:http://www.cluber.com.ua

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading