Две зрели личности во Љубов, си помагаат една на друга да бидат послободни

Основен проблем во Љубовта е прво да станеш зрел. Тогаш ќе најдеш зрел партнер; тогаш тие незрели личности апсолутно нема да те привлекуваат. Токму тоа се случува. Ако имаш дваесет и пет години, не можеш да се заљубиш во бебе. Исто така, ако си зрела личност психички, духовно, не можеш да се заљубиш во дете. Тоа не се случува. Тоа не може да биде, согледуваш дека тоа е бесмислено.

Зрел човек има доволно интегритет да биде сам. А кога зрел човек дава Љубов, тој дава без било какви пришиени тајни нишки, тој просто дава. Кога зрел човек дава Љубов, тој чувствува благодарност, а не обратно. Тој не очекува дека ќе бидеш благодарен за тоа- не, апсолутно, нему дури не му потребна твојата благодарност. Тој ти е благодарен, затоа што ја прифати неговата Љубов.

И кога две зрели личности се сакаат една со друга, се случува еден од најголемите парадокси во животот, една од најубавите појави: тие се заедно, но во исто време неизмерно сами. Тие се до таква точка заедно, речиси се една целина, но нивното единство не ја уништува индивидуалноста- всушност, таа ги зголемува, тие стануваат повеќе индивидуални.

Две зрели личности во Љубов си помагаат една на друга да бидат послободни. Нема никакви политики, никаква дипломатија, обиди да се потчини другиот. Како можеш да се обидеш да потчиниш личност која ја сакаш? Размисли за тоа.

Потчинување е некоја врста на омраза, бес, непријателство. Како може и да се помисли на тоа, да се почини личноста која ја сакаш? Ти сакаш да ја видиш таа личност потполно слободна, независна; сакаш да и’ дадеш повеќе индивидуалност.

Токму затоа јас, тоа го нарекувам голем парадокс: тие се заедно толку, што се слеале во едно, но и понатаму во таа едноставност, останала индивидуалност. Нивните индивидуалности не се мешаат- тие се зголемуваат. Други се богатат во поглед на слободата.

Ошо

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: