Како да се надмине уморот- 5 извори на животна енергија

Се будиш наутро и веќе си уморен, а имаш толку многу работи што треба да се заврши, од тоа веќе ти се врти во главата, па додаваш тешки доживувања, политички вести и веќе депресијата те стигнала.

Каде неконтролирано оди енергијата?

– На внатрешни дијалози, размислувања. Најчесто по некое доживување, ние сме навикнати да предвидуваме или повторно да размислуваме, што би било, кога би било. При смислувањето на ‘излез’ се троши толку енергија, колку и на дејството. Зошто да смислуваш- делуваш, ако веќе се случило, прифати го тоа како факт.

– На недовршени работи и неисполнети ветувања. Дел од твојата свест, а значи и енергија, секогаш останува во процесот, кој не е довршен. Донеси го започнатото до крај, не ги ставај малите ветувања во долга кутија- заврши со читање, тргни, прати информација, повикај, напиши.

– На нерешени конфликти и неразјаснети односи. Сомнеж, недоверба, несигурност, агресија- сите овие состојби се раѓаат во нас поради страв да го искажеме она што се насобрало, да ја погледнеме вистината во очи, да разјасниме, да ја признаеме сопствената вина и да побараме прошка. Таквата внатрешна напнатост ќе испрати моќно негативно празнење во твоето опкружување, а ти нема долго да чекаш на против удар од пространството.

Од каде е најлесно да се извлече енергија?

Дишење. Без дишење, човекот живее само неколку минути, па затоа овој извор на енергија е на прво место. Затоа и треба често да дишете длабоко, свесно, секогаш кога ќе почувствувате промена во расположението.

Спиење. Очигледен пример за важноста на сонот се малите деца кои активно се играат, а потоа одеднаш ќе заспијат седејќи во песокот. Уште не се во состојба да ја контролираат потрошувачката на внатрешната енергија, затоа едноставно го активираат внатрешниот осигурач. Без спиење, не можеме да издржиме повеќе од 4 дена. Тоа го уништува нервниот систем на човекот, внатрешните врски во церебралниот кортекс.

Храна. Клучен елемент- носител на енергијата е водата, што повеќе вода содржат производите, тоа повеќе се полниме со енергија. Јади се’ што ти сака душата, само сфати како тоа ќе влијае на твојот енергетски потенцијал.

Спорт. Да, спортски и физички вежби даваат енергија, не ја одземаат, како што многумина веруваат. Трчање, тренинг во спортска сала по напорната работа нема да те скрши, туку напротив ќе го отвори новото дишење.

Позитив и љубов кон себе. Кога човек е среќен, полн е со енергија. Позитивното размислување ќе ги намали конфликтите на минимум, ќе ги разјасни односите, празните приказни, озборувањата и дискусиите за проблемите на општеството. Љубовта кон себе не дозволува да седите во болна состојба- на работ на можностите на организмот.

Водете сметка за себе и станете енергетски магнет, кој со својот моќен тек ќе привлекува просперитет и исполнување на сите желби.

Извор: http://www.transurfing-real.ru/2017/04/5_30.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: