Не се надевај премногу, подобро да бидеш изненаден, отколку разочаран

Често забораваме дека сами ја создаваме својата стварност и дека секој животен момент, воедно е и момент во кој одбираме кој ‘волк го храниме’. Тој пример најдобро може да послужи, за да се преиспитаме и да се потсетиме на работите кои ги направивме за себе, а кои против себе.

Одамна старите Cherokee индијанци раскажуваат еден мудар разговор меѓу дедо и внук:

-‘Во душата на секој човек се води постојана борба, како борба помеѓу два волка. Едниот го преставува Злото.

Бес, завист, љубомора, омраза, алчност, ароганција, лага, вина, лутина, пакост, себичност, подсмев..

Другиот волк го претставува Доброто.

Мир, љубов, надеж, ведрина, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство, среќа, вера…

Внукот се замислил неколку минути. Сите свои мисли ги насочил во длабочината на зборовите на дедо му, па го прашал: ‘Дедо, кој волк на крајот победува?’

Стариот Индијанец го погледнал својот внук и одговорил: -‘Победува оној кој го храниш’.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: