Не се согласувајте на ништо помалку, од она што го заслужувате

Во ред е, да ги сонувате своите соништа. Во ред е, да верувате дека сте способни за големи работи. Во ред е, да бидете она што посакувате.

Нашиот најголем проблем е, што во сите тие работи, некогаш не сме сигурни што е правилно, па забораваме на себе, не се охрабруваме себеси, не веруваме во своите соништа. А се’ е така едноставно, само треба да престанеме да се бориме против себе.

Како можеме лесно да им веруваме на другите и често да не бараме од нив многу докази? Како лесно го ставаме својот живот во туѓи раце, давајќи им до знаење, дека имаме во нив доверба и дека, знаеме колку се способни да направат се’ она што посакуваат.

Но, кога се работи за нас, тоа малку тешко ни оди. Од себе бараме многу потврди и докази. Толку сомнеж си ставаме на себе, што за секој наш напредок, мора со големи сили да се избориме, бидејќи носиме непријател во себе.

Престанете да се борите против себе, бидејќи ако сакате другите да ве љубат, треба прво да се засакате себеси. Како за друг ќе се грижите со љубов, ако не се грижите прво за себе?

Толку енергија трошиме во своите секојдневни стравови. Ако барем малку вложиме во она што сакаме, се’ во нашиот живот ќе биде поинаку. Силата ја тошиме во закопување на своите таленти, а би било подобро, барем малку да потрошиме на нивното вадење на површината. Тогаш се’ поинаку би било.

Во ред е, себеси да се наречете победник и тогаш кога зад вас се наоѓаат многу загуби и порази, бидејќи тоа не се порази, ако нешто од нив сте научиле. Во ред е да не се согласувате, на помалку од она што заслужувате, бидејќи ја знаете својата вистинска вредност.

Во ред е да се обрне внимание, на оној тивок глас во вас кој вели: ‘Верувам дека можам да успеам’. Се’ е тоа во ред и се’ е така едноставно, кога ќе престанете да се борите против себе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: