Сакам својот живот да го живеам без стрес и грижи

Да се прифати се’ онака како што е, е врвна мудрост. Без отпор, а потоа со разбирање на ситуацијата и причината поради која ни дојде во живототе единствен ефикасен рецепт, за да не се доживуваат и понатаму драми во нашиот живот.

Во суштина, се работи за процес на развивање на личната мудрост. Она шти ти создава отпор, се зајакнува со уште поголемо опирање. Затоа, подобро насочи ја енергијата на прифаќање, наместо на опирање.

“What you resist, it persists” ( C.G. Jung) е популарна изрека во духовноста. Поентата е, кога имаме отпор кон некоја ситуација во животот или во еден дел во себе, кој сакаме да го промениме, ние со тоа всушност додаваме гориво на веќе постоечкото.

Имено, ние вложуваме внимание, го насочуваме својот фокус на активноста, а со тоа и животната енергија за отпор, зајакнувајќи го постоечкиот проблем.

“Ти си таму, каде што е твоето внимание”! е стара изрека. А тоа значи, каде е вашето внимание, таму е вашата Свест и Енергија. На пр. Ако сме болни, ние автоматски се бориме за опстанок, се опираме на болеста и ‘се бориме’ против неа. Тајната е во спротивната постапка- прифаќање на постоењето на болеста во нашиот живот и сфаќањето, дека болеста дошла како учител бидејќи сака на нешто да не’ научи.

Тоа е многу тешко на почеток, но ако го усвоиме ставот дека нашата болест е излечива, и колку да е ‘тешка’ болеста, тогаш енергијата се менува во- ние можеме да се излечиме. Исто така, енергијата ја вложуваме во ставот, дека болеста дојде за да не научи нешто и ги вложуваме сите свои потенцијали, да ја разбереме лекцијата за неа.

Значи, кога ќе го разгледуваме процесот обратно од позицијата на отпор и преминуваме кон позиција на прифаќање, тогаш радикално го менуваме својот живот и тоа на подобро. Се’ додека не ја научиме лекцијата нема вистински да оздравиме. Поточно, додека не ја освестиме крајната причина за болест, која во 80% случаеви е психосоматска.

Што значи тоа? Тоа значи дека причината е во менталниот или емоционалниот склоп, а понекогаш и во кармичкото потекло. Кога ќе ја освестиме, а потоа ‘ енергетски ќе ја ‘прочистиме’ во нашето ментално или емоционално тело причината, таа болест никогаш нема да се појави, бидејќи ја научивме лекцијата.

Затоа секогаш треба да се трудиме, да ги освестиме вистинските причини за својата болест или блокадата, бидејќи со освестувањето побрзо се одвива процесот на излекување.

Исто се случува и во тешките ситуации во нашите животи. Ако изгубиме работа, имот, здравје, други луѓе, развод на брак, итн, секогаш преставуваат мали ‘потреси’ и од нив тешко и пополека се опоравуваме. Зошто тешко и пополека?

Токму поради причината која ја спомнавме на почетокот на текстот. Во секоја од тие тешки ситуации силно даваме отпор, а се’ што сакаме, всушност е, што побрзо да си одат од нашиот живот.

Меѓутоа, таквиот став- отпор, не само што нема да ги одалечи ефикасно проблемите, туку според Законот за привлекување, ќе продолжи да носи во животот исти такви или слични ситуации, се’ додека не ја научиме лекцијата. Во суштина, се работи за процес на развивање на личната мудрост, ако почнеме да ја развиваме, ќе не’ води чекор по чекор, по свои патокази кон мирен, складен и среќен живот.

Извор : Utociste

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: