Верувај им на луѓето кога не те сакаат

Верувај им на луѓето кога не те сакаат. Не се занесувај дека тоа е затоа што се љубоморни и лоши. Занесувај се, само затоа што тие ти се дадени да видиш колку си бил тажен, тогаш кога си ги мразел другите и колку си наштетил сам на себе.

Не ја штеди љубовта. Дај се’ што имаш. Разголи се пред луѓето со својата едноставност. Покажи им се во светло во кое тие никогаш нема да бидат. Дај им го своето светло, но по никоја цена не се пресегај во нивниот мрак.

Верувај им на луѓето кои те сакаат. Верувај им претходно, веднаш и подоцна. Не се чувај од нивната љубов со научената гордост. Пушти ги во себе. Нека ги има. Искрената љубов најубава е од сите. Имаш само една прилика, еден живот, пушти ја љубовта нека потече.

Потпри се на оние кои те сакаат. Пронајди го начинот како во овој свет на метеж да останеш здрав во главата и во срцето. Не се лажи и не дозволувај луѓето да те освојат со убави зборови, истовремено не нудејќи ништо. Потсети ги дека ништо не се создава од ништо.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: