Животот не е трка. Тоа е патување и во секој момент треба да се ужива

‘Смртта неминовно не’ чека, па зошто од овој момент не почнеме да живееме исполнето, да бидеме среќни’?- се прашува професорот Кенан Црнкиќ, успешен менаџер, универзитетски професор и писател.

‘Ако навистина умрев тој ден, по која работа луѓето ќе се сеќаваа на мене?’

До својата 35 год, живеев со високи цели кои сам себе предходно си ги поставив и сите ги остварив. Работев вредно и предадено и по 16 часови дневно, постигнав одличен успех во работата и одлично заработував.

Но, добив 30 кг вишок, го запоставив семејниот живот и преживеав срцев удар кој ме однесе во клиничка смрт. Тогаш си помислив: ‘Ако навистина умрев, дали е тоа трагата која сакав да ја оставам, дали е тоа животот што го посакував и што можам да превземам, за да ја пополнам празнината која ја чувствувам?

Среќата е како ветер- не ја гледаш, но ќе ја почувствуваш. На многумина смислата на животот е да бидат среќни, но не знаат како да ја дефинираат сопствената среќа и да ја применат во секојдневниот живот, бидејќи никој не открива каде се крие и како се станува среќен.

Иако не успеав да пронајдам егзактна дефиниција на среќа која очигледно и понатаму ќе остане загатка, сфатив каде таа се наоѓа, како можеме да ја уловиме и цврсто да ја држиме. За разлика од многу терапевти и автори на книги за самопомош, тврдам дека можеме константно да бидеме среќни, но прво е потребно да се направи разлика меѓу радост и среќа, што многу од нас ја мешаат.

Можеме на пример, да бидеме радосни поради убавиот ручек, дружење со пријателите кои не’ очекуваат, купување на нешто што ни прави радост, но тоа е површинско и поминува. Вистинската среќа, се создава во нас самите. Затоа не се сложувам со оние кои велат дека среќата е работа на моментот- среќата е перманента состојба, а радоста е работа на моментот.

За да бидеме континуирано среќни, мораме да ја откриеме својата формула на среќа, а таа тргнува од тоа дека сме среќни кога сме ускладени со она што сами го дефинираме како среќа. Со оглед дека таа е потполно индивидуална и секој треба да ја пронајде сам за себе, три фактори значајно влијаат на нашата судбина.

Првиот фактор сме ние самите. Секое утро го бираме својот став со кој ќе тргнеме во денот. Изговорите од типот- ‘станав на лева нога’, ‘врне дожд’ или ‘нема wi- fi’ , не смеат да влијаат на нашата среќа.

Проблемот е што луѓето не ја признаваат одговорноста за сопствената среќа, туку ја префрлаат на надворешните прилики, односно неприлики. Животот е само 10% она што ни се случува, а 90% она како ние реагираме.

Другиот фактор се луѓето со кои се дружиме. Семејството не можеме да го бираме, но затоа пријателите и познаниците можеме. Бирајте ги оние кои се позитивни, полни со енергија, кои веруваат во најдобрата ваша верзија, а по секоја цена избегнувајте т.н енергетски вампири кои ја црпат вашата енергија и радост.

Замислете некој да ви дојде дома и на сред дневната соба да ви истресе канта со ѓубре. Како ќе реагирате? Зошто тогаш, од друга страна, ги толерирате луѓето кои го фрлаат своето ѓубре на вас?

Третиот фактор кои влијае на нашата среќа се информациите кои ги примаме. Се’ она што, свесно или несвесно, читаме, слушаме и гледаме влијае на нас и ги креира нашите мисли и на крајот го осликува нашиот живот. Убави вести денес се малку, затоа внимавајте со кои зборови ја храните својата потсвест. Не ги читајте наутро дневните весници. Ако сакате да читате, нека биде тоа некоја книга која ќе ве инспирира. Вие одлучувате дали ќе се фокусирате на она што ви недостига или на она што имате.

извор: Sensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: