Како да знаете кога е вистинскиот момент за нешто важно за вас?

Животот е непредвидлив и секогаш ќе биде полн со неочекувани околности. Тоа е причина зошто чекањето на совршен момент е губење на време. Нема ‘совршен’ момент и веројатно никогаш нема ниту да го има. Единствено вистинско време е сега.

Многумина знаат што сакаат, но премногу се плашат да превземат чекори, кои им се потребни тие желби да се остварат. Стравот стана најголема, најдоминантна сила која стои, зад речиси секоја одлука. Не мора да биде така. Не мора да живеете во страв.

Само треба да го користите она што го имате сега, да се фокусирате само на она што е пред вас и да почнете веднаш. Не мора да имате совршени услови, за да започнете со својата работа. Не мора да имате совршено тело или идеални финансии за да започнете романтична врска. Не треба да се грижите за тоа што другите ќе мислат за вас или што од вас се очекува. Не мора да чекате некој да ви помогне.

Она што мора да направите е да си дадете дозвола, да си помогнете и да почнете веднаш. Не е важно ако идејата не ви е кристално јасна. Дури и да е, животот е непредвидлив и секогаш ќе биде полн со непланирани околности. Тоа е причина зошто чекањето на совршен момент и едноставно е губење на време.

Еве неколку совети за совладување на стравот кога сакате да ги остварите своите соништа: Научете да го разберете својот страв. Можеби е примамливо да ги ставите своите стравови под тепих; меѓутоа, ‘средувањето’ на тие стравови во позадината на вашиот ум, додека се мачите да ги остварите своите цели, не е долгорочно решение.

Научите да ги слушате своите чувства. Сфатете од што вашите стравови произлегуваат и тогаш ќе бидете во можност да ги решите.

Опкружете се со позитивност. За време на промената, бидете секогаш во друштво со позитивни луѓе и членовите на семејството што ве подржуваат. Тие ќе ве мотивираат да ги совладате своите стравови и да започнете да ги остварувате своите соништа. Само делувајте. Кое е најлошото сценарио? Што е најлошо што може да се случи?

Реалниот одговор е многу помалку страшен од она што нашата фантазија е способна да замисли. Можете цел живот да го поминете само во планирање и подготовки за остварување на своите соништа. Веројатно можете да смислите 100 или повеќе различни причини зошто можеби треба да се откажете. Но, се’ што ви е потребно е само една причина зошто не треба. Таа една причина, ќе ве мотивира да престанете премногу да размислувате и да почнете да превземате чекори кон целта која сакате да ја остварите.

Совладувањето на стравовите е несомнено една од најтешките работи, но без сомнеж, наградите се големи и важни. Да не се делува е еден од најголемите убици на соништа и затоа- без оглед на тоа дали е вистинско време, направете работите да се случуваат.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: