Како магнетните полиња влијаат на здравјето и расположението на човекот

Германскиот физичар W.O. Schumann од Техничкиот универзитет во Минхен во 1952 година, се обидел да одговори на прашањето дали Земјата има свој пулс (фрекфенција) на која вибрира.

Неговото истражување се засновало на теоретската претпоставка дека топката, во внатрешноста на топката, создава електрична струја. Земјата е негативно наелектризирана, а јоносферата (слојот околу неа во атмосферата) е позитивен, па според тоа се создава електричен набој. Тој, фрекфенцијата на оваа струја ја пресметал како 10 Hz. Подоцна овој број е корегиран на 7,83 Hz.

Овој број се означува како Шуманова резонанца и потврдена е од бројни лабаратории. Фрекфенцијата на вибрацијата на Земјата е 10 до 11,5 Hz (како што открил Никола Тесла), а Шумановата резонанца не потекнува од Земјата, туку е последица на интеракција меѓу магнетното поле на Земјата и јоносферата (зрачење кое стигнува од сонцето).

Оваа појава не предизвикала никаков интерес во науката, се’ додека доктор Anker Mueller случајно не налетал на Шумановиот труд. Тој веднаш забележал дека Шумановата резонанца е идентична со фрекфенцијата на човечкиот мозок. Бројни електроенцефалографии покажале дека фрекфенцијата на магнетното поле на Земјата е всушност, фрекфенцијата на алфа брановите на човечкиот мозок. Меѓународната група од 104 научници ги потврдиле заклучоците од оваа студија.

Заклучоците се неверојатни. Луѓето не само што се синхронизирани меѓусебно во фреквенцијата на Шумановата резонанца, туку и со самата земја. Резултатите се објавени во International Journal of Environmental Research and Public Health.

Истражувањата покажале дека при отсуство на Шумановите фрекфенции се појавуваат физички и ментални проблеми. Истакнато е следново: ‘Човечкиот регулаторен систем е дизајниран да се адаптира на дневни и сезонски климатски и геомагнетни варијации, меѓутоа наглите пореметувања на соларните и геомагнетните активности ги реметат овие механизми, предизвикувајќи влошување на хроничните болести, зголемување на бројот на срцеви удари на миокардот, зголемен притисок, епилептични напади. Човечките клетки реагираат само на фрекфенции помеѓу 3 и 25 Hz (extralow frequency ELF) други фрекфенции немаат никакво влијание на нив.

Ефектот на Шумановите резонанци на луѓето

ДНК молекулите комуницираат помеѓу себе во Шумановата резонанца. Земјата со својата фрекфенција влијае врз создавањето и развојот на ДНК, значи животот. Но, по многу години на стабилна вибрација на 7,83 Hz, во текот на 2014 година, рускиот систем за набљудување забележал скок на Шумановата резонанца на 8,5. Ова забрзување продолжува и денес, со рекордот во 2017 година, кога фрекфенцијата достигнала 36 Hz.

Дали вибрацијата на Земјата се зголемува и ако е така, тогаш зошто? Посебно е интересно каков е ефектот на човечкиот мозок, ако знаеме дека алфа брановите во човечкиот мозок се синхронизириани со Шумановата резонанца. Алфа брановите се бранови на релаксација. Фрекфенциите кои се сега присутни се поголеми во опсегот на бета брановите (бранови на будност).

Духовните луѓе сметаат дека Земјата не’ буди. Какво и да е објаснувањето, адаптацијата на новата фрекфенција кај многумина ќе предизвика безволност, депресија, вртоглавици. Ние буквално пливаме во море од природни нискофрекфентни електромагнетни полиња, од раѓање до смрт. Нашиот мозок и самиот е електромагнетен систем синхронизиран на Шумановата резонанца. Стабилна синхронизација на електромагнетното поле на мозокот лежи во основата на размислувањето, учењето, емоциите и интелигенцијата.

Важно е да се спомне дека фрекфенцијата на работа на хипокампусот (каде се наоѓа центарот за учење) е 7,83 Hz. Клетките реагираат на фрекфенции во опсег на Шумановата резонанца, игнорирајќи ги другите. Ние во нашите неурони имаме приемници на овие сигнали и тие прават да сме во синхронизација со природниот ритам на Земјата. Овој ритам повремено ги реметат ерупциите на Сонцето, но многу поопасно е влијанието на електросмогот кој денес се создава (бежични мрежи, радиобранови).

Бане Несторовиќ

Извор: Sensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: